Србија денеска ја доби новата влада, откако предлогот на мандатарот Александар Вучиќ доби поддршка од 163 пратеника во Собранието на Србија.За новиот кабинет на Александар Вучиќ, со 16 министерства и три министри без портфељ, гласаа 163 пратеника, против беа 62, воздржани немаше, додека 24 пратеници беа отсутни.
Претседателката на српското Собрание Маја Гојковиќ им честиташе на премиерот и на министрите во новата влада и најави дека свеченото давање заклетва, со што и офицајлно ќе почне нивниот мандат ќе биде вечерва во 19 часот.
Членови на новата влада се:
– премиер Александар Вучиќ
– прв потпретседател и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ
– потпретседател и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ
– потпретседател и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ
– потпретседател и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ
– министер за финансии Душан Вујовиќ
– министер за економија Горан Кнежевиќ
– министер за земјоделие и заштита на животната средина Бранислав Недимовиќ
– министер за рударство и енергетика Александар Антиќ
– министерка за правда Нела Кубуровиќ
– министерка за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ
– министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ
– министер за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ
– министер за здравство Златибор Лончар
– министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Александар Вулин
– министер за младина и спорт Вања Удовичиќ
– министер за култура и информирање Владан Вукосављевиќ
– министри без портфељ- Јадранка Јоксимовиќ, Славица Ѓукиќ- Дејановиќ и Милан Кркобабиќ.За новиот кабинет на Александар Вучиќ, со 16 министерства и три министри без портфељ, гласаа 163 пратеника, против беа 62, воздржани немаше, додека