Дел од српските медиуми пренесуваат дека извесен Раде С. од српското село Лозово, во кафеана во Цирих, Швајцарија, претепал Англичанец, поранешен пилот на НАТО бидејќи го слушнал како гордо се фалел дека „ја бомбардирал Србија во 1999 година“.-Англичанецот на соседната маса беше со еден локален политичар од Цирих. Во еден момент тој рече дека е воен пилот, а пријателот го праша дали учествувал во воени операции. Англичанецот со гордост раскажуваше дека ја бомбардирал Србија – се пренесува изворот.
Тогаш Раде и неговиот пријател станале од маса, се приближиле до пилотот и Раде прашал дали некој од нив учествувал во бомбардирањето на Србија, а по добивањето потврда почнала тепачка. Според изворот кој се пренесува, пилото завршил со крваво лице, а Раде му порачал секогаш кога ќе се види во огледало, „ќе се сетиш на сите Срби и недолжни деца кои си ги бомбардирал“. Пилотот Англичанец завршил во болница.
Според медиумите, Раде С. веднаш потоа го напуштил Цирих.-Англичанецот на соседната маса беше со еден локален политичар од Цирих. Во еден момент тој рече дека е воен пилот, а пријателот го праша дали учес