Триесет и пет годишната србинка Александра Ј. се терети за убиство на две бебиња.Триесет и пет годишната србинка Александра Ј. се терети за убиство на две бебиња. Според тамошната полиција жената од Крушевац веднаш по породувањето признала дека по грозниот чин телата на новороденчињата два-три дена ги чувала во кутија во орман. Потоа телата ги замотувала во кеси и закопувала во одвоени јами во задниот дел на дворот од куќата на нејзиниот татко.
Српските медиуми пренесуваат дека Александра се породила во јуни 2011 година во собата на татковата куќа во Црквина. Таа тврдела дека првото дете е родено мртво. На истрагата и изјавила дека со нокти ја скинала папочнита врвка. Мртвото бебе го ставила во кутија во орманот, а два дена подоцна го закопала во дворот.
Второто бебе жената го родила ноќта меѓу 25 и 26 јули годинава. Сметала дека е многу сиромашна и не може да се грижи за детето, со оглед дека со сопругот Горан Ј. веќе имале три деца (две ќерки и син).
Детето го задушила со рака, го ставила во кутија во орманот и по неколку дена го закопала во близина на првото бебе. На фамилијата и на роднините им рекла дека при породувањето имала проблем со „вакуумот“ во стомакот.
Извор: република.мкТриесет и пет годишната србинка Александра Ј. се терети за убиство на две бебиња. Според тамошната полиција женат