Потпретседателот на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија Синиша Лазиќ, се обрати до јавноста по неуспехот на „Орлите“ и го обвини „македонско-црногорското лоби“ за неуспехот.– На наша голема жалост, креаторите на неспортскиот дел на ракометот, олицетворени во шефот на судиите на ЕХФ Драган Начевски, кој со своето директно влијание по кој знае кој пат ја елиминираше нашата репрезентација од некое натпреварување, така што е сосема сигурно уште пред поаѓањето за Полска ги одреди извршителите на нечесното дело Хорачек и Новотни беа посилни и од нашите сјајни репрезентативци. Против неправдите овој пат не се можеше. Таканаречениот македонско-монтенегрански лоби повторно од само ним познати причини нанесе непроценлива штета, се истакнува во соопштението кое го потпишал Лазиќ.
Лазиќ потсетува на бројните примери каде во главна улога бил Начевски.
– Ќе потсетиме на полуфиналето на Светското првенство во Франција со Шведска, кога „црни да не може поцрни да бидат“ браќата Начевски не завија во црно и директно не оневозможија да бидеме светски прваци. Драган Начевски како делегат во Ниш против Исланд пред неколку години повторно не елиминираше поништувајќи ни чист гол, токму оној пресудниот кој не водеше на големата ракометна смотра. И пред година дена во Осијек истиот познат Драган Начевски „подмукло ни смести“ против Црна Гора со соработка со црногорскиот функционер Реѓа Бошковиќ, и така ги исфрли од првенството актуелните светски вицешампионки. Неговиот брат Марјан НАчевскине е ништо подобар спрема нашите клубови и учесниците на регионалната лига, се вели во соопштението.
На крајот Лазиќ ги повикува претставниците на ракометот во Европа да реагираат.
– Зарем комесарот на СЕХА лигата може на трибините во КРаков да биде во улога на водач на македонските навивачи? На што тоа личи? Може, но тогаш не може да биде комесар на регионалната лига. Зарем Драган Начевски може да делегира судии на македонската репрезентација и тоа по повеќе месеци пред почетокот на Европското првенство знаејќи кому ќе даде „домашна задача“. Има ли некој во таа ракометна Европа веќе еднаш да види каква штета за ракометот се браќата Начевски, многу се. Нашите момци за нас секогаш ќе бидат победници, а браќата Начевски некој кого никогаш веќе не сакаме да го видиме на натпреварите на нашите кллубови и репрезентации. Срам да им е за ваква кражба во Краков. Периќ и момци – ја имате нашата безрезервна поддршка, само храбро и напред.– На наша голема жалост, креаторите на неспортскиот дел на ракометот, олицетворени во шефот на судиите на ЕХФ Драган Начевски, кој со своето