Едно од четирите момчиња кои вчера беа пронајдени мртви во викендицата во атар во српското село Својново, пред да почине, се допишувал со својата девојка на социјалната мрежа “Фејсбук“. Неговите последни зборови биле, “Срце се гушам“, а потоа се изгаснал. Девојката се обидувала да го добие на мобилниот телефон, но бесуспешно. Таа помислиа дека телефонот му се расипал или испил премногу, но утрото ја слушнала страшната вест и се потресла.
Момчињата последен пат биле видени во 18 часот во локалната продавница каде што купувале вино, ракија и месо за подготовка на скара.
Таткото загрижен, утредента отишол во викендичката да провери што се случува.
,,Кога ја отворив вратата веднаш почнав да губам свест. На креветот лежеа Ѓорѓе и Марко. Од очите, носот и ушите им течеше крв, а очите им беа отворени. Малку подалеку на столицата во близина на печката беше Јован, на устата имаше пена. Покрај него седеше мојот Милош. Истрчав надвор и почнав да барам помош, но никој не ме слушаше. Изгубив свест, но пет минути подоцна успеав да и се јавам на жена ми и да и кажам да викне полиција“, изјавил таткото Бојан.
Семејствата се во шок, плачат и прашуваат зошто се случи оваа несреќа.Едно од четирите момчиња кои вчера беа пронајдени мртви во викендицата во атар во српското село Својново, пред да почине, се допишувал со својата д