„Срцето ми запре, белите дробови ми откажаа, рацете и стапалата ми поцрнеа“

Пензионираниот заварувач опишува како од смртта го делеле само неколку часови откако се заразил со сите три смртоносни форми на епидемијата, по каснување од мачка.
 Пол Гејлорд, 61, раскажува во детали за ужасните симптоми на Црната Смрт која почнала да го превзема неговото тело – постепено обојувајќи ги неговите раце црни.Г-дин Гејлорд, кој живее во Орегон, помина речиси еден месец приклучен на машини кои го одржуваа во живот додека неговото тело се бореше со смртоносната епидемија.
Чумата најпрво започнала да ги напаѓа неговите витални органи – предизвикувајќи неговото срце да престане да чука и неговите бели дробови да откажуваат.Лекарите дискутирале дали да ги исклучат машините кои го одржуваат во живот или не, ден пред тој да се разбуди од кома – кажува, откривајќи колку многу и се доближил на смртта.Сега, додека ја лекува инфекцијата, дава изјава за Guardian за моментите која ја примил чумата.

“Во еден момент срцето полека престануваше да ми чука, белите дробови почнаа да ми откажуваат.. Технички, јас сега не треба да сум тука. Лекарите ми кажаа дека сум ги развил сите три фази на чума: бубон (најмалку смртоносната фаза на епидемијата, која го инфицира лимфниот систем), пневмоничната фаза (која ги зафаќа белите дробиви и предизвикува нивно откажување) и септикемичната (односно крвотокот). Некои луѓе ја имаат преживеано првата фаза од епидемијата, но сите три не..”
Гејлорд се инфицирал во јуни, 2013-та година, кога се обидел да тргне глувче од грлото на неговата мачка која почнала да се дави.Мачката која ја носела чумата во себе го загризала. Во рок од 48 часа почнале да се појавуваат симптомите, наскоро кожата на неговите рацете почнала да се бои сиво и жлездите на неговите дланки да потекуваат до големина на лимон.Г-дин Гејлорд се уште не може да се помири со тоа колку е сериозна епидемијата која го погодила и колку е чудесно неговото закрепнување од истата, соочувајќи се со животот на дијализа бидејќи неговите внатрешни органи се премногу оштетени. Тој е подложен на третмани кои би требало да резултираат со повраток на функциите на неговото тело.Но како и да е, премногу беше касно за да се спасат неговите прсти, кои хирурзите мораа да ги ампутираат.
“Сеуште ги имам рацете и дел од палците. Тие ги отстранија сите прсти на моето лево стапало и третина од моето десно стапало” – додава.

“Тешко ми е да поверувам што ми се случи, но наместо да се чувствувам депресивно, јас сум среќен што останав жив.” – Гејлорд се пензионираше како заварувач и сега поголемиот дел од своето слободно време го поминува во својата гаража изработувајќи ножиња.
Иако чумата генерално се поврзува со средниот век, пред овој случај, жена беше 18-то лице кое се зарази со чумата во Орегон од 1934 година наваму. Седумгодишното девојче Сиера Џејн Довинг, исто така се зарази со епидемијата додека било на кампување во Колорадо овој месец.Се верува дека ја фатила од заразена верверичка, мртва, која малечката сакала да ја закопа. Родителите не и дозволиле, но бидејќи била премногу блиску до мртвото тело на верверичката лекарите се сомневаат дека болви од трупот скокнале и се закачиле на џемперот на девојчето. Дента откако се вратиле дома, девојчето добило напад.Веднаш била пренесена во болница и почнале со третмани откако сфатиле за што станува збор. Таа целосно ќе закрепне и ќе биде ослободена од болницата.Без соодветен третман, чумата убива околу две третини од инфицираните луѓе во рок од 4 дена. Таа предизвикува инфекција која ги убива клетките, што предизвикува гангрена и честопати резултира со амппутација.
Извор: vostip.mk
 Пол Гејлорд, 61, раскажува во детали за ужасните симптоми на Црната Смрт која почнала да го превзема неговот

Пронајдете не на следниве мрежи: