Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер.На средбата, како што се наведува во соопштението на ДУИ, Ахмети и Хајндл разговарале за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за излез од политичката криза.
Ахмети истакнал дека ДУИ е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побрзо и реформите да се спроведуваат со цел да се организираат сеопфатни избори. Тој го уверил германскиот претставник дека ДУИ е конструктивен партнер на сите коишто сакаат решение на кризата и е заинтересирана оваа ситуација да се надмине што е можно поскоро.
Ахмети и Хајндл, како што соопшти ДУИ, главно разговарале околу прашањата за прочистување на Избирачкиот список и за медиумите како предуслови за поставување датум за предвремени избори.На средбата, како што се наведува во соопштението на ДУИ, Ахмети и Хајндл разговарале за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за