Средба Груевски-Нуланд: Сите политички чинители да работат на постигнување на решение за кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Викторија Нуланд.На средбата се разговарало за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО Алијансата.
Соговорниците се сложија дека суштински важно е излез од политичката криза, за што е потребен ангажманот и придонесот на сите политички чинители во постигнување на решенија кои ќе внесат доверба во процесите.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но и го посочи фактот дека за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување, информираат од партијата.
Како што се вели во партиското соопштение било истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Груевски се заблагодари за досегашната поддршка на САД, со што беше договорено интензивната комуникација да продолжи и во идниот период за сите прашања и области од заеднички интерес.
На средбата се разговарало за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Макед

Пронајдете не на следниве мрежи: