Директорката на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска, денеска оствари работна средба со директорката на Даночната управа на Србија, Драгана Марковиќ и со дел од потесното раководство на даночната управа.На средбата се разговарало за тековните активности кои ги имплементираат двете даночни управи, зацртаните стратешки цели и процесот на модернизација на даночната администрација, со особен акцент на проектите кои се во фаза на реализација, како и за конкретните чекори кои ги превземаат даночните институции во делот на ефикасност и афирмација на услугите насочени кон даночните обврзници.
-Добро поставен даночен систем е клучен фактор во нормалното функционирање на државниот апарат, нема стабилна држава без добро уредена даночна политика, подвлече Илиеска, истакнувајќи ја определбата во борбата против сивата економија, како и посветеноста на УЈП во надградувањето на модерен и ефикасен пристап кон даночните обврзници и градење на повисок степен на доверба од граѓаните, преку едукативно и превентивното делување со цел доброволно плаќање на даноците.
Помеѓу другото, директорката Илиеска ја истакна стратешката определба и развојните политики на УЈП и јасниот концепт за подеднаков третман кон сите даночни обврзници, целосната посветеност на програмските цели и унапредување на ефикасноста на работните процеси.
Првите луѓе на даночните управи на Македонија и Србија беа единствени дека билатералниот концепт на соработка треба да продолжи и во иднина, вниманието обострано да биде насочено во размената на искуства и позитивни практики, заеднички да работиме во имплементирање на даночните политики, соработката помеѓу даночните администрации да биде поставена во преден план.
Во контекст на билатералните средби, покрај денешната работна средба со даночната управа на Србија, директорката Илиеска во изминатиот период оствари работни средби и со првите луѓе на даночните управи на Црна Гора и Бугарија, каде што одблиску се разговараше за клучни теми во делот на реформските процеси и интегрирање на даночните политики.На средбата се разговарало за тековните активности кои ги имплементираат двете даночни управи, зацртаните стратешки цели и процесот на модернизациј