Средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт со младите луѓе во пресрет на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка

Денеска (30.јуни) во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт и дел од младинските претставници кои ќе бидат дел од настаните за млади во рамки на Самитот за Западен Балкан кој од 03-05 јули, 2016 година ќе се одржи во Париз, Франција а во чиј фокус ќе биде потпишувањето на Меѓународната спогодба за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан. 
Младите луѓе кои ќе бидат присутни на настаните за млади кои ќе се одржат на 04 јули во Универзитетскиот Град во Париз на директорот на Агенцијата за млади и спорт му ги пренесоа своите ставови во однос на нивните очекувања од настанот, но и од целокупниот процес за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан и телата кои ќе бидат дел од оваа канцеларија, а ќе вклучуваат и младински претставници. Тие истакнаа дека е неопходно процесот на избор на младински претставник во телата на канцеларијата да биде отворен и транспарентен  и да се базира на добро развиени критериуми кои ќе овозможат соодветно претставување на младинскиот сектор од нашата држава во рамки на телата на оваа канцеларија. Притоа, беше донесен заклучок дека е неопходна блиска соработка и почести состаноци во натамошниот период за да се работи на добро развивање на критериуми за изборот на младинскиот претставник, но и во однос на имплементација на препораките од Парискиот самит во областа на младите.
Претставниците од Сојузот на извидници на Македонија, Младиинфо, Национален младински совет и  Центарот за едукација и развој кои беа присутни на овој состанок, а избрани од Европската Комисија да учествуваат  на Парискиот Самит ќе бидат присутни на овој настан заедно со 150 млади луѓе од целиот регион и Европа.
Процесот на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка започна со потпишувањето на Заедничката спогодба за воспоставување на оваа канцеларија на Самитот за Западен Балкан во Виена, Австрија на 27. август 2015 година, по што беше воспоставена Работна група составена од владини и невладини претставници кои работеа на овој процес. Потпишувањето е предвидено да се случи на 04. јули  во Елисејската Палата во Париз од страна на премиерите на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а и во присуство на министрите/директори за млади од овие земји, како и претставници на работната група која работеше на овој процес.
  
Младите луѓе кои ќе бидат присутни на настаните за млади кои ќе се одржат на 04 јули во Универзитетскиот Град во Париз на директорот

Пронајдете не на следниве мрежи: