Средба на кандидатите за пратеници Васил Пишев и Ванковер Манчев со министерот за финансии Кирил Миноски и стопанственици

Васил Пишев и Ванковер Манчев денеска остварија средба со Министерот за финансии Кирил Миновски и со стопанственици.Пишев : ВМРО ДПМНЕ е единствена политичка програма со конкретни и прецизни чекори за развој на економијата и бизнисот
„Денес сите можеме да се сложиме дека во делот на финансиите, во делот на даночната политика и генерално во делот каде вие го печалите вашиот леб, слободно можеме да заклучиме дека ВМРО ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која сериозно нуди решенија за развој на бизнисот и креирање на силно стопанство.
Во новата изборна програма има многу конкретни мерки,
Би сакал неколку да ги нотирам, а кој се од големо значење на стопанството.
Продолжуваме со оданочување со 0% данок на реинвестирана добивка,
Ќе продолжиме со најнискиот рамен данок од 10% на добивка и персоналниот данок кој се покажа како мерка која го стимулира бизнисот.
Намалувањето на цената за приватизација на градежно изградено земјиште со намена г- стопански производствени објекти. И многу други..
Констатиравме дека странските инвестиции создаваат голем број на индирекни работни места која помага во голем дел и на домашното стопанство..
Има голем број на мерки, но во интерес на времето ви препорачувам да ја прочитате вие детално и од блиску да се запознаете со истите“, изјави Васил Пишев.
 
Манчев: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде стратешки партнер на стопанството и на бизнисмените
„Почитувани бизнисмени, стопанственици, вредни струмички домаќини.
Имам голема чест да ви се обратам и за тоа има голем број на причини, бидејќи голем број на мерки се предвидени во новата програма за Вас…
Ние важиме за економска влада или партија чиј фокус е развојно стопанство, генератор на нови работни места.
Со досегашните мерки, Владата успеа директно или индиректно да креира над 100.000 нови работни места.
Освен странските инвестиции кои помагаат на целото стопанство, владата во време на неколку кризи успеа да обезбеди евтини кредити со многу поволни каматни стапки.
Над 300 милиони евра беа достапни, односно искористени за развој на стопанските капацитети.
Ве уверувам дека со новите мерки, Владата на РМ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ваш стратешки партнер.
Ќе продолжиме со најниски даноци, поддршка во инфраструктурата, кратење на бирократските процедури итн.
Ве поздравувам, и ви посакувам успешни бизнис денови“, изјави кандидатот Ванковер Манчев.
Пишев : ВМРО ДПМНЕ е единствена политичка програма со конкретни и прецизни чекори за развој на економијата и бизнисот
&bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: