Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска, денеска се сретна со извршниот директор на Светска банка, Френк Хеемскерк.Како што соопшти ССК, Арсовска го запозна Хеемскерк со заложбите на Сојузот и досегашните реализирани активности во насока на зголемување на конкурентноста на компаниите, нивната поддршка, промоцијата, пласманот на странските пазари и остварувањето на трговските партнерства.
На средбата се дискутираше и за глобалните економски текови, како и за поддршката на инвестициите и развојот на македонската економија.
– Проектите кои во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија. Стратегиските цели за унапредување на деловното опкружување ги креираме согласно глобалните економски текови при што поддршката на Светската банка е значајна за нивна реализација, изјави Данела Арсовска.Како што соопшти ССК, Арсовска го запозна Хеемскерк со заложбите на Сојузот и досегашните реализирани активности во насока на зголемување на конкур