Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас. На средбата од страна на премиерот Димитриев беше истакната потребата за пронаоѓање на сфери и области кои ќе придонесат за зближување на двете држави и воспоставување на билатерални соработки.Премиерот Димитриев истакна дека Република Македонија се залага на градење на позитивна клима и пријателство, и подготвеност да се разговара за надминување на отворените разлики.
-Потребен е објективен пристап и искрена волја за постигнување на решенија, како и разумност да се премостат разлики кои сега се премногу големи, истакна премиерот Димитриев.
-Спроведувањето на мерките за доверба претставува добар пример за тоа дека постои потреба за зближување на двете држави и дека е можно воспоставување на добри релации, истакна Димитриев.
Премиерот Димитриев посочи дека во овој момент добредојдени се сите чекори кои ќе значат позитивни сигнали и моменти на зајакнување на довербата во овој процес, особено во насока на реализација на стратешките интереси за членство на државата во ЕУ и НАТО алијансата, каде пречка е токму билатералниот спор за името.
Премиерот Димитриев посочи дека потребни им се на двете земји чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото.Премиерот Димитриев истакна дека Република Македонија се залага на градење на позитивна клима и пријателство, и подготвеност да се разговара за над