Во рамки на средбите кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат со различни целни групи, се со цел да ја конципираат програмата за претстојните парламентарни избори, тим на партијата предводен од Кирил Миновски, остварија средба со претставници на Стопанската комора на Македонија.На средбата беа дебатирани повеќе точки, меѓу кои: Бизнисот во фокусот на интересирање на сите субјекти во државата, Инвестиции во инфраструктурата, изградба на автопатите, модернизација на железницата, процесот на гасификација, Привлекување на директни странски инвестиции и слично.
На седбата беа разменети идеи, кои ќе имаат свое место во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ.
-Се работи за една навистина сеопфатна програма во која што сакаме да ги вклучиме сите релевантни чинители, пред се од приватниот сектор да ги слушнеме нивните идеи. Тоа е практика која што и претходно е применувана при изготвувањето на претходните програми на партијата кои што подоцна стануваат и Владини програми. Истата практика ја следиме и во овој случај и понатаму ќе продолжиме со интензивната комуникација со сите релевантни чинители, подвлече министерот Кирил Миновски.
Претседателот на комората, Бранко Азески, подвлече дека имало конструктивна средба и размена на мислења.
-Ние излегуваме со една платформа која почива на три столба. Првиот столб е дека ќе се залагаме за да се склучи договор меѓу јавниот и приватниот сектор затоа што сметаме дека присуството на домашниот капитал на странските инвестиции тоа го бара. Во кое што ќе се прецизираат правилата на игра меѓу јавниот и приватниот сектор. Вториот столб , бараме да се направи една долгорочна стратегија за економски развој која што точно ќе прецизира дали ние ќе прифатиме развој од 2-3% кој што гарантира статус кво ситуација или ќе одиме со некои повисоки стапки на раст кои што гарантираат развој. Третата работа е што сакаме да го отвориме прашањето за еден моќен коморски систем кој што би кореспондирал со две стратешки мерки во наредниот период, појасни Азески.
Бизнисот сакаат да остане во фокусот на интересите, практика која била следена изминативе години како и да продолжат капиталните инвестиции и нивното целосно искористување.На средбата беа дебатирани повеќе точки, меѓу кои: Бизнисот во фокусот на интересирање на сите субјекти во државата, Инвестиции во инфраструктурата