Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, вечерва во зградата „Берлемонт“ на Европската комисија во Брисел оствари средба со комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на средбата што траеше повеќе од еден час, според македонскиот шеф на дипломатијата, со Хан отворено разговарале за сите прашања поврзани со политичката криза во Македонија и констатирале дека последните денови се превземени повеќе чекори во земјата што се охрабрувачки за Унијата.– Имавме многу отворен средба со Хан. Пред се се фокусиравме на тоа што претставуваат главни приоритети во овој момент и констатиравме дека имаше повеќе чекори што се случија изминатите неколку дена што одат во вистинска насока. Тие се охрабрување на некој начин за Европската комисија во правец на задржување на препораката за преговори со Европската унија за членство на Република Македонија. Мислам дека уште повеќе напори ќе треба да бидат вложени во следниот период и тоа ќе биде наш фокус. Преку реформи да ги убедиме нашите партнери во ЕУ дека е важно да ја задржат Македонија на агендата, истакна министерот Попоски во изјава за МИА по средбата.
Според Попоски, се она што во претстојниот период ќе го стори македонската држава ќе го трасира и евро-атлантскиот пат на земјата. – Мислам дека таков напор што неопходно ќе зависи од тоа што ќе го сториме кај нас во Република Македонија ќе мора да биде награден со еден појасен сигнал дека нашата иднина во ЕУ е загарантирана и дека за македонските граѓани постои интерес во Европа поскоро да бидат отворени вратите на преговорите, додава Попоски.
Средбата Попоски – Хан дојде еден ден откако во Република Македонија се врати во работен погон Собранието, кое ги одложи планираните избори за 5. јуни и ги усвои оставките на министрите и дополнителните заменици-министри во Владата од опозициската СДСМ, по што повторно земјата ја предводи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Во текот на утрешниот ден, министерот Попоски ќе има богата работна агенда во седиштето на НАТО во Брисел. Најпрво, во утринските часови тој ќе оствари билатерални средби со помошникот-државен секретар на САД за европски и евро-азиски прашања, Викторија Нуланд, а потоа ќе се сретне на издвоени средби и со Франк-Валтер Штајнмаер (МНР на Германија), Мевљут Чавушоглу (МНР на Турција), Петер Сијарто (МНР на Унгарија), Никос Коѕијас (МНР на Грција) и со Даниел Митов (МНР на Бугарија). По овие средби, шефот на македонската дипломатија ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет на НАТО во рамки на земји-партиципиенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.– Имавме многу отворен средба со Хан. Пред се се фокусиравме на тоа што претставуваат главни приоритети во овој момент и констатиравме дека и