Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 30 декември (среда) 2015 година, во 19 часот ќе се одржи средба со Гордана Михаилова Бошнаковска.Во оваа пригода дваесетина поети ќе беседат и ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“,во издание на „Матица македонска“ од Скопје.
Гордана Михаилова Бошнаковска (Битола,1940) е првата дама на современата македонска поезија. Автор е на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“. Нејзини творби се преведени на повеке странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.Во оваа пригода дваесетина поети ќе беседат и ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“,во издание на „Матица мак