Средношколците се подготвуваат за Trash Fashion Macedonia 2013

Loading...

Годинава по третпат Здружението на граѓани ОХО ја организира манифестацијата Trash Fashion Macedonia 2013, модна ревија што ќе се одржи ќе се одржи на 5-ти јуни по повод Светскиот ден на животната средина, на која ќе бидат презентирани креации изработени со повторна употреба на материјали, за што се поканет сите средни училишта воз земјата да учествуваат во овој натпревар со своите креативни модни дизајни изработени со реупотреба на природни или вештачки материјали.

 Модната ревија Trash Fashion Macedonia претставува натпревар наменет за средните училишта кои се вклучени во првата, втората и третата година од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем” која ја имплементира здружението ОХO во соработка со Министерството за образование и наука.
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.
Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во изработка на облеки и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.
Училиштата може да се информираат за иницијативата и да се регистрираат за учество интернет страницата www.nrp.org.mk
Макфакс
Годинава по третпат Здружението на граѓани ОХО ја организира манифестацијата Trash Fashion Macedonia 2013, модна ревија што ќе се одржи ќе се одржи

loading...