Средношколец пронашол ДУПКА во Законот и решил да ги побара прашањата за испит!

Германски средношколец се повикал на Законот за слобода на информирањето и од училиштето ги побарал прашањата што ќе се најдат на матурскиот испит.Средношколецот Зимон Шредер (17), направил генијален потфат кога побарал неверојатна услуга од училиштето. Тој се повикал на Законот за информирање, кој му дава можност пред испитот да добие увид во прашањата.
Зимон од Минстер, Германија, ја искористил онлајн платформата која се занимава со одговарање на прашањата на граѓаните упатени до Владата и дознал кои се неговите права. Службата го прифатила неговото барање да изврши увид во прашањата, а рокот за одговор завршува на 21 април.
„Прво си помислив дека нема да ми одговорат. Нема да се потпрам на нив, но имам право на таа информација. Мислам дека вреди да се проба. Ме интересира што ќе ми одговорат од училиштето“, изјавил Зимон.
Од владината установа пристигнал одговор дека рокот за увид ќе биде испочитуван.
Останува да видиме дали на Зимон ќе му успее намерата.Средношколецот Зимон Шредер (17), направил генијален потфат кога побарал неверојатна услуга од училиштето. Тој се повикал на Законот за информирање

Пронајдете не на следниве мрежи: