Средношколски натпревар по математика во Скопје

Во просториите на СУГС „Георги Димитров“ денеска се одржува Третиот натпревар по математика меѓу средните училишта на Град Скопје.На отворањето на Третиот натпревар по математика меѓу средните училишта на Град Скопје присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-На натпреварот учествуваат 121 ученици од прва, втора и трета година од 21 средно училиште кое е во надлежност на Град Скопје. Учениците се натпреваруваат во две групи, ученици од гимназиско и ученици од стручно образование. Најдобрите тројца натпреварувачи од прва, втора и трета година, од стручно и од гимназиско образование, ќе бидат наградени со Признанија за освоено прво, второ и трето место, како и симболични парични награди, додека на сите останати ученици и на нивните ментори ќе им бидат врачени признанија за учество во натпреварот, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.
Овој трет натпревар по математика меѓу градските средни училишта го организира Град Скопје во соработка со професори по математика од сите 21 средно училиште кои се во негова надлежност. Главната цел на натпреварот е да се поттикне конструктивен натпревар меѓу учениците за постигнување повисоки образовни цели, како и продлабочување на знаењата на учениците.На отворањето на Третиот натпревар по математика меѓу средните училишта на Град Скопје присуствуваше и градоначалникот на Град Скоп

Пронајдете не на следниве мрежи: