Средновековното европско општество применувало методи за воспитување што денес им се незамисливи на младите: родителите од Западна и Северна Европа ги испраќале младите да живеат и работат во туѓи куќи против нивна волја!Ваквите воспитни мерки важеле за сите тинејџери, без оглед на нивниот сталеж во општеството. Изворите даваат податоци за возраста на која децата биле испраќани од дома: понекогаш тоа се случувало штом ќе наполнеле 14 години, во ретки случаево кога имале и 7 години. Во 1350 година, кога „црната смрт“ го преполовила европското население, младите биле евтина работна сила и затоа изворите бележат голем процент за нивна експлоатација во овој период. Па така, ако некој имал син којшто ништо не прави како што треба, веднаш го праќале кај трговец кој го носел во странство, бидејќи се сметало дека се додека живее кај родителите; ќе нема да може да се оспособи за живот.
Односите помеѓу мајсторите и чираците често бил регулиран со договори. Доколку се прекршил договорот, чиракот се обрзувал дека дупло ќе си го одработи својот дел. Во некои делови од Германија, Швајцарија и Скандинавија биле санкционирани и сексуалните односи помеѓу тинејџерите. Традицијата на „ноќното додворување“ е забележена во литературата дури во 19 век, но историчарите веруваат дека ова досегнува уште од Средниот век. Историчарот Колин Вуд наведува дека девојките останувале дома, а кога нивните момчиња сакале да ги посетат им било дозволувано да останат кај нив и да преспијат, но со услов да бидат облечени – односно, не смееле да прават ништо, освен да практикуваат лесен петинг. Во некои варијанти од истата традиција, на машките им било дозволено да спијат над покривката, или пак од другата страна од дрвена плоча која била поставувана на средината на креветот. „Ноќното додворување“ не бил обврзувачки чин – не се очекувала веридба или венчавање по тој чин. Пред куќите на девојките што се сметале за „лесни“, се оставале лоши знаци за да се обележи нивниот лесен морал. Забележени се и многу случаеви на злоставување, во кое спаѓа и насилно праќање на малите девојчиња да одат и да се проституираат. Ваквите услови ги пуштиле своите корени и во денешното модерно општество, што мислите Вие?Ваквите воспитни мерки важеле за сите тинејџери, без оглед на нивниот сталеж во општеството. Изворите даваат податоци за возраста на која децата би
Пронајдете не на следниве мрежи: