Носење на нов Закон за владино рекламирање е еден од итните реформски приоритети кој произлегува од насоките добиени од ЕУ за регулирање на начинот на распределба на буџетите за владините кампањи.Владата на Република Македонија на седница во петокот усвои текст на предлог закон , предложен од Министерството за информатичко општество и администрација за владино рекламирање во медиумите, според кој сите медиуми ќе добиваат пари од владиниот колач. Средствата ќе се распределуваат на сите медиуми. За предлог-законот ке следува широк консултативен процес .
-Да се воспостават строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми, да се обезбеди целосна транспарентност на владиното рекламирање (не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините), да се развие механизам за бесплатни објави кои се навистина од јавен интерес. Правилата во однос на медиумската сопственост и медиумското финансирање да бидат ревидирани со цел да се направат медиумската сопственост и медиумското финансирање потранспаренти, стои во барањето за итни реформски приоритети кои се однесува на владиното рекламирање.
Со Предлог законот се адресираат сите 4 точки од овој итен реформски приоритет. Имено, со предлог законот се пропишуваат правилата за рекламирање, начинот на распределба на средствата за финансирање наменети за закуп на медиумски простор, односно време за јавно-финансираните информативни кампањи во Република Македонија, како и надлежноста на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за вршење на ex-post контрола на начинот на реализација на јавно-финансираните информативни и рекламни кампањи.
-Согласно предлог законот, јавните институции се должни да работат јавно и транспарентно и да ги информираат граѓаните за својата тековна работа и своите законски надлежности преку објавување на јавни соопштенија до медиумите,преку организирање на јавни настани, настапи и други некомерцијални активности, како и преку објавување на информативни кампањи на програмата на јавниот радиодифузен сервис.
-По исклучок од правилото,во определени случаи а заради заштита и унапредување на јавното информирање поврзано со јавниот интерес, јавните институции може да реализираат информативни кампањи со закуп на медиуми, кои мора да се:
оправдани,
презентирани на соодветен начин,
објективни и политички неутрални
при што прецизно се дефинираат терминините оправдана, презентирана на соодветен начин, објективна и политички неутрална.
Јавниот интерес на кампањите е дефиниран
-Кампањите со буџет од над 100.000евра, задолжително се објавуваат на сите медиуми (телевизии, радија, регистрирани во регистрите на Агенцијата),а во зависност од целната група и на другите медиуми(печатени медиуми, интернет медиуми).
-Распределбата на средства за закуп на медиуми се врши најпрво согласно уделите на соодветните пазари, потоа според удел на рамномерна распределба и удел на рејтинг,за на крај според рејтингот (гледаноста, слушаноста, читаноста, посетеноста)на поединечниот медиум.
– На ваков начин се воспоставуваат строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми, исе обезбедува целосна транспарентност на владиното рекламирање(не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините).Владата на Република Македонија на седница во петокот усвои текст на предлог закон , предложен од Министерството за информатичко општество и админи