Среќата е сопствен избор

Што подразбираме под поимот среќа? Секој има различна перцепција на запазување на нештата на овој свет и според тоа има и различни сфаќања. Единственото нешто што би можело да се генерализира е фактот дека среќата ја креираме ние самите, во зависност од нашите мисли.Нашите мисли се условени од нашите верувања, кои што несвесно ги примаме од околината, најчесто во детскиот период, а и после тоа. Обично во потрагата по среќа се соочуваме со лимитираните верувања, кои на сигурен начин ни го попречуваат патот до нашиот успех. Среќата значи чувство на исполнетост, доживување дека имаме и градиме нешто што ни е од огромно суштинско значење за самите нас. За да го доживееме тоа чувство, треба да бидеме ослободени од стегите кои ни се несвесно наметнати од околината.
Таа околина се најчесто нашите родители, кои истите верувања ги добиле од своите родители. Незнаејќи ни самите, нашите родители ни ги пренесуваат своите лимитирани верувања, со цел да ни го пренесат најдоброто што го знаат. Затоа не треба да ги окривуваме доколку мислиме, дека поради лимитите создадени во нашето детство, се наоѓаме во состојба каква што сме сега. Најважно е да го освестиме оној дел, кој е од пресудна важност за нашата среќа. Многу луѓе се надеваат дека еден ден ќе им се случи нешто што ќе ги направи среќни, иако сега во овој момент се несреќни.
Јас би поставила неколку прашања: На кој начин можеме да очекуваме и дојдеме до среќа, ако самите со нашите мисли креираме несреќа? Кој е тој што може да делува на нас и ќе успее да ни го промени целиот живот, дури и нашето размислување за животот, доколку ние самите не го сториме тоа? На кој начин ќе привлечеме среќна особа во нашиот живот, дококу ние сме несреќни? Ако нашите мисли се условени од нашите верувања, би требало да се запрашаме како можеме да ги препознаеме тие верувања и да ги искорениме.

Поставете ја најголемата цел во вашиот живот, најголемиот идеал, најневозможното.
Опозитното чувство кое ќе го добиете, проследено од вашите мисли, зашто тоа не може да ви се случи токму вам, се вашите лимитирани верувања. Тие верувања се задржуваат во нашата комфорна зона и доколку донесеме одлука за промена, ќе мора да излеземе од таа зона, ќе почнеме да растеме, а сето тоа ќе допринесе до физичка манифестација – страв од промена во облик на анксиозност, непријатност.
Кога не би постоеле последиците, што би направиле?
Со спознавањето на нашите верувања, заклучуваме дека нашата среќа зависи лично од нас. Објективните околности немаат никаква поврзаност, со тоа како ние внатрешно во нас го доживуваме животот. Најчесто ни се случува тоа во што веруваме. Ако веруваме дека животот е тежок, тажен и страшен, несвесно ќе ги бараме сите аспекти кои што се поврзани со нашето верување. Тоа ќе го потврдиме со тоа што навистина ќе бидеме тажни, оптеретени и ќе очекуваме да ни се случат лоши искуства. Од друга страна, истото важи и за позитивните верувања, кои не тераат да ги приметуваме само приликите и шансите, и на тој начин во себе ги пронаоѓаме ресурсите, сопствените капацитети и скриените потенцијали.
Многу често слушаме како на богатите луѓе им е лесно и се среќни. Да се потсетиме на Робин Вилијамс, кој неодамна си го одзема животот. Среќниот човек не посегнува по својот живот. Богатството е последица, а не главна причина. Кога ќе бидеме задоволни и среќни, ќе го добиеме она што ни е потребно како последица на нашето размислување и љубовта према себе. Главната причина е прифаќањето на самите себе и верувањето дека ние заслужуваме да го живееме животот со полн капацитет, а самото тоа налага да имаме апсолутно се што ќе посакаме.
Вистинската среќа извира директно од нас и нашето постоење, со тоа ние самите бираме во какви околности ќе бидеме, среќни или несреќни. Секој заслужува да биде среќен, а со доаѓањето на овој свет ја добиваме таа единствена шанса. За секого сѐ е возможно, дури и невозможното. Поставувајте цели од љубов, а не од потреба, во потребата нема инспирација, а од нашата инспирација произлегува среќата, чувството на исполнетост и љубов према самите себе.
Животот е игра, која доколку знаеме да ја играме, секогаш ќе бидеме победници.
Илина Чичевска
Life CoachНашите мисли се условени од нашите верувања, кои што несвесно ги примаме од околината, најчесто во детскиот период, а и после тоа. Обично во потраг

Пронајдете не на следниве мрежи: