Кога сватил дека богатството не го прави среќен, еден Австриец направил нешто што поголем дел од луѓето на планетава би го сметале за лудост – ја продал својата фирма, лимузините, спортските автомобили, приватниот авион и луксузната вила на Алпите и сите средства ги донирал во хуманитарната организација кој им помага на луѓето и земјите од таканаречениот трет свет.Четириесет и девет годишниот Карл Рабедер од Телфса во Австрија, пред неколку години сватил дека парите не го прават среќен и одлучил животот да си го смени од корен. Тој ја продал фирмата и целиот свој луксузен имот (автомобили, викендици, авионот и сл.) и целиот приход го дал на хуманитарната организацијата која позајмува помали суми на пари на луѓето од третиот свет кои од банките неможат да добијат кредити.
Карл сега месечно заработува околу 1400 евра од говорите кои им ги држи на бизнисмени на темата “вашиот нов живот” и “живеј во твојот скромен дом”.
“ Си гледав на фотографии од времето кога имав огромно богатство, и на скоро секоја фотографија изгледав некако нерасположен и несреќен. Љубов, сјајот на сонцето, свежиот воздух, тоа ќе ве направи среќни, а не парите.” открива Карл со насмевка на неговото лице.Карл на сите кои не му веруваат во ова што го зборува, ги советува да се обидат да направат список и да запишат што навистина ги прави среќни, но без “фолирање” и добро размислите пред нешто да напишете во списокот.
Извор: lady.mk
Кога сватил дека богатството не го прави среќ
Пронајдете не на следниве мрежи: