Среќен пат: Богатите Кинези резервирале карти за лет во вселената

Картите за кратки летови во вселената кои беа пуштени по цена од 70.000 евра, експресно беа продадени во рок од 5 минути!Вкупно 305 кандидати во рок од неколку минути се регистрирале за еден од приватните летови кои ги понуди холандската компанија ЅХС на сајтот Таобао, наведуваат кинеските медиуми.
Кинеските бизнисмени се помеѓу оние кои сакаат да патуваат во вселената.
Летовите ќе се одвиваат во шатл со две места – за пилот астронаут и за еден патник. Предвидени се две верзии на шатлови: „Links Mark I“ кој ќе лета до далечина од 61 километар и „Links Mark II“, кој ќе оди на оддалеченост од 103 километри.
Летовите со првиот шатл се продадени по цена од 70.000 евра и предвидено е да се остварат во четвртото тримесечје од 2015 година.
Летовите ќе бидат со времетраење од пет до шест минути. Патниците коишто одбрале да патуваат со вториот шатл ќе мора да чекаат до 2016 година.Вкупно 305 кандидати во рок од неколку минути се регистрирале за еден од приватните летови кои ги понуди холандската компанија ЅХС на сајтот Таобао

Пронајдете не на следниве мрежи: