Среќна нова со Среќни тркала

Даниел и Ивана Сизовски, на својата свадбена покана напишале дека претпочитаат грепки наместо цвеќе.  На свадбата, на 26ти ноември добиле 78 инстант лозови од различни гости. Три дена по свадбената прослава ги изгребале и од сите добитни имале точно 1.200 денари кои решиле да ги заменат на среќното место на Државна лотарија на Македонија во Капитол мол, за нови 24 инстант лозови од играта Среќни тркала. Даниел и Ивана едновремено гребеле, секој по 12 инстанти и токму еден од 12те кои ги изгребал Даниел носел четири среќни тркала што им го донеле атрактивниот бел Фолксваген Пасат.Оваа убава приказна е уште еден доказ дека среќата сама си го наоѓа патот, само треба да и ја отвориме вратата и да и дадеме шанса да не израдува нас, или да израдува некој кого го сакаме.
На ден пред Нова година, Даниел и Ивана  го добија свадбениот подарок автомобил пред нивното среќно место во трговскиот центар Капитол мол. Клучевите им ги врачи Снежната Кралица ,Марјана Станојковска. Овој млад брачен пар во новата 2017 година ќе вози нов автомобил , а ние од се срце им посакуваме среќна и весела година.
Инаку инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА е во продажба од октомври 2015 година , па останаа уште малку лозови кои можат да израдуваат со некоја добивка.
Даниел и Ивана го пронајдоа својот среќен инстант лоз и им порачаа на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, да веруваат во среќата и да трагаат по неа.
Бидејќи само кој игра, тој и добива.
 Оваа убава приказна е уште еден доказ дека среќата сама си го наоѓа патот, само треба да и ја отвориме вратата и да и дадеме шанса да не

Пронајдете не на следниве мрежи: