Среќници на Зодијакот: Еве кој знак е роден да губи, а кој треба веднаш да купи ливче за лотарија!

Секој понекогаш сака на полесен начин да дојде до пари, а има ли подобар начин од добивка на лото или во некое казино? Прочитајте кои се среќниците меѓу хороскопските знаци, а кој ќе ги изгуби парите!Овен: Интуитивните овни веднаш ја чувствуваат возбудата. За нив целиот живот е своевидна игра во која треба да бидат најдобри, најбрзи и по можност славни. Сакаат автомобилски и коњски трки заради брзината, адреналинот и ризикот. Често не размислуваат за последиците и може да им се случи да одиграат со преголем влог и да ја прокоцкаат куќата. Овни, држете се до пријателите Јарец и Девица за да одолеете на она што најмногу ве привлекува – опасноста и ризикот.
Бик: Биковите се познати по упорноста, трпеливоста и издржливоста. Ретко им се случува да направат нешто непромислено, па игрите на среќа во кои треба да се реагира брзо и во истиот момент не ги интересираат. Сепак, постои тип на игра на среќа каде и тие се чувствуваат како дома. Секако, се работи за играњето карти. Вистинскиот Бик одлично знае дека е времето е на негова страна и дека ќе ја доживее среќата кога другите ќе се изморат. И уште нешто: Секогаш ќе игра карти за пари.
Близнаци: Близнаците не треба да посегнат по игрите на среќа за да искусат како може да се ужива во непланираните добивки: Целиот живот им се чини како една голема непланирана добивка. Разиграни во најсериозните ситуации, Близнаците водени од разумниот Меркур сепак можат да бидат успешни во наградните квизови и игри. Својата љубопитност ја претвораат во знаење.

Рак: Раковите имаат бујна фантазија но се и практични, па често знаат да изненадат со својата сјајна проценка. Без разлика на тоа дали се работи за нечиј приватен живот или резултат на фудбалска игра, од нив секогаш може да се очекува предвидуање што ќе се покаже како точно. Ако обложувалницата му е блиску до куќата на вашиот сосед Рак, ќе излезе во влечки да го пополни ливчето. Потоа нема веќе да ви биде сосед: Ќе купи куќа во подобро соседство.
Лав: Лавовите среќата најпрво ја искусуваат на лотарија. Тие се како деца воодушевени од можноста со заокружување на бројки драстично да ја подобрат својата финансиска состојба. Многу други луѓе со години играат на ист број, но Лавовите не ја признаваат таа тактика, бидејќи не веруваат во мистичноста на броевите. Тие за своите среќни броеви одлучуваат дури откако ќе се намрштат над таблата. И ако не добијат ништо, остануваат добро расположени бидејќи овие родени победници не патат кога ќе изгубат во нешто што сепак е само игра.
Девица: Никакви спектакуларни игри на среќа не ја интересираат рационалната Девица, која е тешко да се увери во големи зборови како судбина, голема добивка и среќа. Склоноста кон забавата ги води во сетот на ребусите со кои се апсолутни владетели. Па така, она срамежливо и малку далечно гласче што се јавува кога на програмата има наградни игри сигурно е глас на Девицата.

Вага: Постојат многу луѓе кои воопшто не се кладат на нов автомобил што може да се заработи со купување на една или повеќе ливчиња за лотарија. Им се лини дека шансите им се толку мали што не им се ни исплати да се обидат. Со својот истенчен вкус за стил, Вагите секогаш ќе победуваат во натпреварувањата во кои главна награда е козметиката и облеката. Ним им е поважно играта која ја играат на некој начин да има заеднички точки со нивниот вистински идеал, а тоа е убавината.
Скорпија: Без разлика на тоа што можеби никогаш нема да го оствари својот луд сон да прошета по црвениот тепих на обложувалницата во Монте Карло, секоја Скорпија ја привлекува рулетот, тркалањето на коцките и сите пари што се губат и добиваат. Тоа е така бидејќи на вистинскиот коцкар не му е пресудно секогаш да добива, туку да игра. Обложувалницата е место каде се е на среќа, а за нив тоа е лудо возбудување. Имено, тие го презираат обичниот живот, како и оној во кој се е испланирано.
Стрелец: Тие не сакаат долго да бидат на едно место, па не ги ни интересираат игрите во кои само седат со скрстени раце и чекаат резултати. Страстните играчи ќе ви потврдат дека играта бара употреба на мускулната маса, силните бицепси и цврстите нозе, а токму ова важи за Стрелците. Не ги привлекуваат ни игрите за кои е потребно претерано мислење: Животот е прекраток за слободното време да се помине во ментално напрегање. Едноставни правила на игра, како и моментален добиток се неизмерно привлачни за еден Стрелец.

Јарец: Јарците секогаш ќе застанат на пазар каде некој итрец создава три парички од две, или ја извлекува најдолгата сламка од снопот, бидејќи тоа е предизвик за неговата интелигенција. Јарецот никогаш не смета само на среќата. Пред да го пополни ливчето, добро ќе размисли колкави се реалните можности за добивка. Целиот живот го доживува како игра на разумот, каде ништо не треба да се остави на случајот.
Водолија: За нив се е возможно. Опуштени и неконвенционални, сакаат да испробаат се што животот им нуди, а особено брзите и едноставни начини на богатење. Речиси и да нема наградна игра во која просечната Водолија не сака да учествува. Пред да купи лоз, Водолијата ја замислува добитната комбинација, а може и да ги сонува броевите што ќе и го преобратат животот. Парите што ќе ги добие ќе ги потроши на патување со брзината на светлината, а потоа повторно ќе се нафати на некоја друга игра на среќа. И така цел живот.
Риби: Рибите не сакаат да се замараат со широка понуда на игри на среќа. Попрво би ги изгубиле и оние малку пари кои ги вложуваат во нешто сомнително, како лотаријата, обложувалницата или партијата карти. Им се чини дека другите имаат дополнителен талент за добивка и тука се гледа нивниот недостаток на самодоверба. Сепак, очите им светнуваат кога ќе заиграат некоја крајно едноставна игра, како на пример, фрлање на парички. Онаа малку енергија што ја имаат ќе ја потрошат на чекање дали ќе се сврти петка или глава.Овен: Интуитивните овни веднаш ја чувствуваат возбудата. За нив целиот живот е своевидна игра во која треба да бидат најдобри, нај

Пронајдете не на следниве мрежи: