СРЕЌНИК: Преживеал удар од гром и добил на лото!

Канаѓанецот Питер Мекети, слободно може да рече дека го доживеал невозможното – преживеал удар од гром и добил на лотарија, пренесе Washington Post.„Искрено, повеќе очекував дека уште еднаш ќе ме погоди гром“ – рече тој, откако минатата недела дозна дека добил милион долари на лото.
Добивката ќе ја подели со Дајан Милер која е вработена во продавницата на Мекети, затоа што тие заедно повеќе од една година уплатуваат ливчиња на лото.
Питер Мекети го удри гром кога имал 14 години, додека се обидувал да го врзе чамецот со кој пловел, а тоа непријатно искуство го имала и неговата ќерка пред неколку години. Сега добил и на лотарија.
„Шансите вас и вашата ќерка да ве удри гром се еден наспрема 2.600 милијарди“ – пресметала Софи Легер, професорка на Универзитетот Монктон.
Мекети вели дека планира својот дел од добивката да го потроши на своите омилени активности – готвење и риболов, а неговата вработена Дајен Милер вели дека нема намера да го напушти работното место и дека парите ќе ги потроши на одмор и на патување.
Атлантската лотарија ќе му исплати дополнителни 10.000 долари,бидејќи тој е сопственик на продавницата каде што е уплатено добитното ливче. Ливчето чини три долари.„Искрено, повеќе очекував дека уште еднаш ќе ме погоди гром“ – рече тој, откако минатата недела дозна дека добил милион долари на лото.

Пронајдете не на следниве мрежи: