Среќниот пар го добил својот 13-ти СИН

Американскиот пар кој веќе има 12 сина, а ниту една ќерка, го добија својот 13-ти член во фамилијата. Повторно син!Почитувајќи си ја традицијата, парот Jay и Kateri Schwandt повторно одлучиле да не го знаат полот на детето, се додека тоа не дојде на свет.
 ,,Размислував, ако е девојче, навистина не би знаел како ќе се чувствувам”, изјавил Schwandt (40), таткото на Tyler (22), Zach (19), Drew (18), Brandon (16), Tommy (13), Vinnie (12), Calvin (10), Gab (8), Wesley (6), Charlie (5), Luke (3) и 21-месечниот Tucker.
 За името на новиот член во фамилијата, семејството се уште не успеало да се договори.
 Kateri Schwandt (40) доаѓа од фамилија која имала 14 деца.
Таа била 13-то дете во нејзината фамилија, како што е и нејзиниот најмлад син кој е роден на 13 Мај.
На прашањето дали во својата фамилија ќе додадат и 14-ти член, Jay Schwandt вели: ,,Никогаш не вели никогаш”.Почитувајќи си ја традицијата, парот Jay и Kateri Schwandt повторно одлучиле да не го знаат полот на детето, се додека тоа не дојде на свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: