Среќен добитник на VW California Beach RV е Благој Хаџиски од Неготино, а VW Polo ќе вози Денис Наќевски од Велес.Во текот на наградната игра, која траеше 8 недели или 56 дена, почнувајќи од 9 април до 4 јуни, беа доделени 672 пакети СКОПСКО, 56 сетови за скара, 56 пикник маси, 8 фудбалчиња и 2 возбудливи главни награди.
Во главното извлекување на 5 јуни учестуваа сите испратени кодови, односно сите претходно ненаградени капачиња. Од 250.000 испратени кодови во текот на наградната игра, Денис и Благоја имаа среќа да ги возат главните награди.
“Иако испратив 200 пораки, кога ми се јавија од Пивара Скопје да ме известат дека сум добитникот на VW Polo отпрвин не верував! Мислев дека некој од другарите се шегува со мене. Многу сум среќен за наградата! Посебно ми е драго што денот кога го испратив добитниот код, беше денот кога славевме годишнина од брак со сопругата. Polo-то ни дојде како подарок кој не го очекувавме и двајцата. “ вели Денис, добитникот на VW Polo.
Кампер возилото VW California Beach ќе го придружува семејството Хаџиски од Неготино на сите нивни следни патувања и доживувања.
“Целото семејство се радува, сите уште не “држи“ возбуда. Животот е чудо! Со сопругата живееме во семејната куќа во Неготино, а изградив и викендица во Пехчево, сам со свои раце, без помош од мајстори. Сега со комбето за кампување, ќе имаме и една подвижна куќа и ќе уживаме сите“ – вели радосно Благој, добитникот на VW California Beach.
Пивара Скопје им честита на сите добитници во големата СКОПСКО наградна игра, а на двајцата среќни добитници на главните награди им посакуваме многу поминати километри изразени во безгрижни патувања околу светот.
За повеќе информации посетете ја веб страницата: www.SKOPSKOZANAS.mk
Во текот на наградната игра, која траеше 8 недели или 56 дена, почнувајќи од 9 април до 4 јуни, беа доделени 672 пакети СКОПСКО, 56 сетов