Првпат слушаме дека некоја партија во Македонија ја земала нашата кампања како своја. Ние ќе видиме за какво „позајмување“ се работи и кој го сторил тоа – дали опозициската СДСМ или некоја пиар-агенција што им ја работи кампањата. Потоа ќе видиме и дали може да тужиме некого и по која основа, изјави вчера за „Дневник“ Срѓан Ного, пратеник и функционер на српското движење Двери.Ного вели дека е изненаден од преземањето на нивната кампања и на концептот што го примениле како на неодамнешните априлски, така и на изборите кои во Србија биле одржани во 2014 година.
-Немаме никаква комуникација со најголемата македонска опозициска партија, ниту некој од нив ни се јавил за да се консултираме за дозвола за користење на нашата кампања. Не ми е јасно дали тие сами ја презеле или им ја предложиле експертите што ги ангажирале. Инаку, концептот на кампањата чие централно мото е „За живот во Србија“, „Да го вратиме животот во свои раце“, со користењето плакати зад партиските говорници е целосно наше партиско дело, наведува Ного за Дневник.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини СДСМ дека целосно ја украле кампањата на српското ултрадесничарското движење. Освен ова, се тврди дека постојат и неколку совпаѓања кога станува збор за изборни ветувања.
-СДСМ повторно излезе со памфлет во кој се нуди с` и сешто само за да добијат некој глас повеќе. Српските ултрадесничари излегоа со ветување за реформа во изборниот законик како што излезе и Зоран Заев. Српските ултрадесничари најавија преиспитување на новите правосудни професии како нотари и извршители, а што го направи и Заев. Заев најави и зголемување на даноците, исто како што ветуваа и српските десничари. Истите флоскули кои ги користи Двери, ги користи и СДСМ, за тоа дека „Нема живот без слобода“, „Да ја вратиме државата на народот“, изјави вчера Драги Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Заев и СДСМ се обидуваат да ги измамат македонските граѓани и да им наметнат нешто што е веќе отфрлено како платформа во Србија.
Двери важи за екстремно десничарска партија во која членуваат најрадикалните српски националисти. На минатите избори во Србија партијата коалираше со Демократската странка на Србија и заедно освоија 5,04 отсто од гласовите и едвај го поминаа цензусот за влез во собранието. Срѓан Ного, кој е претседател на Градската организација на Двери во Белград за Дневник вели дека автори на целата кампања се нивните луѓе од партијата.
– Ние немавме многу финансии за таа намена и с` е главно идеја на наши сопартијци. Можеби во некоја ситуација бил ангажиран некој режисер. Не ми е познато дали и тие наши автори од некаде позајмиле некоја идеја. Во секој случај, ние бевме задоволни каква беше нашата кампања. Да беше повидлива, во јавноста ќе имаше уште поголем ефект. За неа добивме пофалби по изборите, вели Ного за весникот.Ного вели дека е изненаден од преземањето на нивната кампања и на концептот што го примениле како на неодамнешните априлски, така и на изборите кои