Српска пропаганда во Македонија

Поделба на населнието на србомани и бугараши, се свртеле татко против син, брат против брат.
Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија. Нејзиниот пробив започнува по обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија, ноемвриската војна од 1885 година и засилувањето на Бугарската пропаганда во Македонија.Основите на српската пропаганда се наоѓаат во Начертанијето на Илија Гарашанин од 1844 година. Во овој програмски документ кој се однесувал на надворешната политика на српската влада било констатирано дека кнежеството Србија не може да се задржи на неговите тогашни граници и дека треба да се стреми:
… да ги приклучи сите српски народи што го опкружуваат
Во 60 – тите години на 19 век, Гарашанин ги испратил Стефан Верковиќ во тајна политичка мисија во Македонија. Меѓутоа српската пропаганда во тој период била слаба и далеку од создавање на Срби во Македонија. Според самиот Верковиќ неговата мисија била:
Македонските словени при решавањето на Источното прашање… да се признаат за Словени, а не за Грци
Верковиќ уште во 1850 година се движел низ Македонија, а од 1855 година за постојано се населил во Серес каде работел како антиквар. Постепено тој станал одговорен за тајната активност и политичка пропагнада на српската влада во Источна Македонија. Засилувањето на српската пропагнада ќе дојде по 1868 година, односно по 1885 година.
Во 1868 година српската држава ги променли средставта за водење на пропагандата и по иницијатива на самата влада во Белград бил формиран еден Просветен одбор кој требало да се грижи за отварање на српски училишта во Стара Србија и Македонија, снабдување на овие училишта со кадар и учебници со што започнал процесот на посрбување во Македонија.
Од 1868 до 1878 година овој одбор успеал да отвори 61 училиште во Стара Србија и Македонија. Меѓутоа во текот на Српско-турските војни од 1876 до 1878 година српските училишта во Македонија биле затворени, а останало само она во тетовско кое било раководено од месен учител.
Во тој период активност пројавил еден комитет формиран од страна на емигранти од Стара Србија и Македонија. Комитетот бил формираан во 1877 и бил под раководство на архимандритот Сава кој барал од Берлинскиот конгрес, Македонија и Стара Србија да и припаднат на српската држава. По налог на архимандритот Сава двајца членови на комитетот објавиле статии, а подоцна брошури и еден календар, во кои се докажувал српскиот карактер на населението во Македонија.
Во периодот од 1881 до 1885 година биле определени српските претензии во Македонија, на југ до Леринско и Струмичко, во овој перид биле поставени начелата за пропагнадно дејсвување, а било донесено решение повторно да се отворат српските училишта. Првите знаци на посилно истапување на српската пропагнада биле митинзите во Белград, Ниш и Врање на кои биле донесени резолуции, а истите тие подоцна биле испечатени во вид на брошури.
Во 1885 година бил испечатен и календарот Вардар и тоа во 4 000 примероци по што бил растурен во Македонија, во сите овие печатени матерјали се потенцирал српкиот каракер на населението во Македонија.
До засилување на српската пропагнада доаѓа по обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија во 1885 година и по неуспехот на Србија во Српско-бугарската војна. Тогашните српски владеачки кругови истакнале потребата од:
итна одбрана на српските интереси во Македонија од бугарските претензии спрема таа земја
Затоа српската влада побарал од Високата порта да се препечатат српските учебници за српските училишта во Македонија, што и било ододбрено, а друга страна бидејќи Србија немала своја црква во Македонија и затоа требало да се добие подршката на Цариградската Патријаршија.
Во август 1886 година во Белград било орагнизирано пропагнадното друштво св. Сава, кое било задолжено да печати растура пропагнадни книги и брошури, а при него биле отворени и две училишта едно подготвително кое траело две години, како и вечерно училиште. Првото училиште било наменето за создавање на училишен кадар за Македонија, а во второто било наменето за описменување на македонските печалбари. Во текот на 1887-1888 година, со подршка на српската влада, друштвото св. Сава успеало да отвори 37 училишта во Стара Србија и Македонија, во нив работеле 54 учители. Идната учебна година бројот на училиштата се зголемил на 42.
Со цел да се ослабат позиците на бугарската пропаганда во Македонија, во првиот период од своето делување српската пропаганда има отворен македонистички настап, отворено се подржуваат македонските асоцијации и друштва со цел на тој начин да се ослабне бугарската пропаганда.
Македонизмот на српската пропаганда се гледа во подршката на разни македонски асоцијации како што е Тајниот македонски комитет или Друштвото Србо-Македонци. Целата на српската пропаганда не е да се заштити македонскиот национален индивидуалитет туку тоа е правено од дневно политички интерси со што се внесувал дополнителен антагонизам во Македонија.
Треба да се истакне дека и покрај тоа што меѓу овие македонски асоцијации и дејци делувала српската пропаганда сепак тие манифестирале силна македонска национална свест.
Во Солунскиот вилает српската пропаганда била насочена првенствено во Солун, и затоа С. Новаковиќ, кој што бил дипломаски преставник на Србија во Цариград, во 1886 година ја посетил Солунската егзархиска гиманзија Св. Кирил и Методиј и дошол до став дека од интерес на Србија е да се парализира рабитата на оваа институција.
Кога во учебаната 1887/88 година ќе дојде до училишен бунт и ќе бидаат исклучени 38 ученика, меѓу нив ќе делува Петар Карастојановиќ српскиот конзул во Солун и ќе успее да убеди 33 исклучени ученици за заминат во Белград каде требале да го продолжаат своето образование. Меѓу овие ученици ќе се најдаат идните македонски дејци како што се: Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Крсте Петков Мисирков, Никола Наумов, Христо Поп Коцев и многу други.
Во Белград најпрво им биле сменети презимињата и целата на српската пропаганда била да направи од нив орудие за остварувања на српските интерсеи во Македонија. Меѓутоа веќе во 1889/90 година тие ќе го напуштат Белград и ќе заминат во Софија.
Во 1892 година во Солун било отворено првото основно српско училиште со што се создале услови за пробив на српската пропаганда во Солунскиот вилает. Отварањето на ова основно српско училиште се обидело да го искористи пропагандното српско друштво Св. Сава и тиа испланирале посета на ова училиште и притоа сакале да одржаат богослужба на црковно – словенски во некоја од патријаршиските цркви но неуспеале во својата намера.
Српаската пропаганда во Солунскиот вилает била многу слаба и нејзиното влијани одвај се чуствувало во Гевгелиско, Воденско, Дојранско, Кукушко, Тиквешко и Ениџевардарско.
Српската пропаганда особено се насочила на Велес и Велешката каза поради стратегиската положба на овој реон. Отука пропагандата можела да дејствува во Северна, Југозападна и Јужна Македонија и затоа во Велес во учебната 1894/95 година било отворено српско училиште. Поради недостаток на вистинско српско населние, македонците кој оделе на печалба во Србија биле уценети да ги запишаат своите деца во ова училиште или во спротивно српските власти немало да им дозволаат да влезаат во Србија.
Дополнително на тоа српските пропагандисти во ова училиште донеле сиромашни албанчиња од Поречјето, Србија и од други краеви. Со ова делување во Азот, српската пропаганда го зголемила антагонизмот во Македонија кој и онака постоел, дошло до поделба на населнието на србомани и бугараши, се свртеле татко против син, брат против брат.
На овој српски пробив се обидел да се спротистави Петар Поп Арсов, но неговиот авторитет се обидела да го искористи Егзархијата за своите интерси и затоа Арсов го напуштил Азот.
Во 1897 година Србија добила право да отвори училишта на целата територија на Македонија што започнал обидот на српската пропаганда за пробив во Солунскиот санџак. Во 1897 година српските пропагандисти дошле во судир со проегзархистите, имено српската пропаганда во Солунско тогаш била предводена од Пејчиноски кои бил родум од Ресенското село Царев Двор тој бил поранешен учител во Солунската егазархиска гимназија и бил во лоши односи со бугарските учители.
На 3.06.1897 година во Солун, Пејчиноски ќе го организира нападот против членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Во нападот ќе учествуваат србинот Александар, црногорeцот Никола Бабаковиќ и Ташко кој бил родум од селото Магарево. Во нападот ќе биде убиен Христо Ганов додека пак Иван Гарванов бил ранет. Учесниците во нападот подоцна биле уапсени, а Пејчиноски бил ликвидиран од ТМОРО.
Во почетокот на 1898 година српската пропаганда отворила српско училиште во Кукуш. Подотовките ги водел црногорецот Јован Јовановиќ кој исто така бил замешан во убиството на Христо Ганов. Тој успеал да издејствува преку рушвет кај Кајмаканот отварање на српското училиште. Но набргу училштето било нападнато од кукушани , тие ги искршиле вратите и прозорците на училиштето, го претепале учителот и му се заканиле на сопственикот на куќата, која ја изнајмил за училиште, дека ако уште еднаш ја изнајми за српско училиште ќе ја запалат. Но Јовановиќ добил засилување од двајца црногорци, меќу нив бил и Никола Бабаковиќ, притоа Јовановиќ носел два пиштола и истакнал дека не се плаши од никого и дека Кукуш е српски град. Меѓутоа по неколку дена дошла истражна комисија од Солун, а Кајмакамот останал бес својата служба. Сопственикот на куќата која ја изнајмувал за српско училиште бил принуден да се откаже од изнајмувањето, а Јован Јовановиќ морал да го пресели српското училиште во турскиот дел од градот со што бил изолиран од македонците.
Кон крјот на 19 век српската пропаганда во Солун имала 2 класни и 2 основни училишта но успехот бил привиден бидејќи во 1903 година во Солун имало околу 15 србомански куќи. И покрај сите обиди српската пропаганда не успеала да го засили своето влијание во Јужна Македонија, а тоа се потврдува од извештајот на рускиот конзул од Солун Николај Гирс во кој тој истакнува:
Србите требало да се задоволаат со своите училишта во Солун и да не трчаат со отварање нови училишта по Солунскиот вилает бидејќи предизвикуваат непријателство меѓу словенското население… (за б.н) во српските училишта се трошаат многу пари , зашто нивното отварање и постоење без поткуп е невозможно, овие трошоци едвај се оправдуваат… нема сомнение дека без постојната материјална подршка, оние што почнаа себеси, да се нарекуваат Срби одново ќе бидаат Бугари, какви што се станати веќе пред многу години, благодарение на усилената бугарска пропаганда сред македонските Словени
Во 1890 година во Белград се одржало советување на српските конзули и министерството за надворешни работи, на оваа средба дошло до реорганизација во работата на српската пропагнда во Македонија. Било решено со српката пропаганда да раководат српските конзули и да дојде до нивно територијално разгарничување, секој конзул да раководи во вилаетот каде е поставен.
Секој конзул бил одговорен пред српското министерство за надворешни работи и на тој начин пропагнадата се нашла под директна котрола на државата, а било решено буџетот за пропагнада од 200 000 да се зголеми на 300 000 динари, да се формира еден одбор од тројца членови како советодавен орган на министерството за надворешни работи, пропагнадниот центар од Цариград да се пренесе на терен во Македонија, односно во Скопје, Битола и Солун, меѓу другото српските конзули биле задолжени да се грижат за црковно-училишните работи во своите реони.
Оваа реорганизација постигнала успех. За неколку години биле создадени црковно-училишни општини и тоа во: Кичево, Галичник, Дебар, Крушево, потоа во Куманово, Кочани, Кратово, Берово, а во 1892 година во Гостивар, Крива Паланка и Штип.
Првата српска чета била формирана по Мајскиот преврат од страна на Милорад, Васе Јовановиќ и Лука Ѓеловиќ. За војвода на оваа чета бил поставен Илија Славе, а за негов помошник бил назначен Ангелко Алексиќ кој бил со потекло од Гостиварско.
Првите чети биле формирани од Македонци и тоа од Кратовско, Кумановско и Порече. За водачи на четите во почеткот биле поставувани старите арами, постепено биле назначуваи и офицери од српската војска, а за прв српски војвода во Македонија бил назначен Мицко Крстевски.
Прв организатор на четничка акција на теренот бил Аксентије Бацетовиќ. Тој воспоставил два горски штаба за Источното и Западното Повардарије, ваквата поделба останала се до Балканските војни.
Први раководители на овие горски штабови биле полковникот Илија Јовановиќ-источно поварадрие и капетанот Сретен Рајковиќ за западното повардарие. Раководителите на горските штабови биле бирани од младите офицери кој сакале да учествуваат во движењето, а тие морале да поднесуваат извешатии до Централниот комитет.
Ранетите и болните четници кој неможеле да бидат префрлени во Србија биле згрижувани по србоманските села во Македонија, а просториите на српскиот конзул во Скопје, др Михаил Шушкаловиќ ги лекувал со што почнало да егзистира илегална четничка болница. Четниците исто така биле лечени и во интернатот на српската гимназија во Скопје, а биле прифаќани и од српските хуманитарни друштава како што биле: Српски браќа и Коло на српските сестри.
Извори
Начертаније
Катарџиев Иван, Борба до победат.1 1-4, Скопје, 1983
Косово и денешна јужна Србија
Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет
Љубиша Доклестиќ, Српско-македонските односи во XIX век, Скопје, 1973
К. Џамбазовски, Културно – општествени врски на Македонците со Србија во текот на 19 век, Скопје, 1960.
Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот…, т.1, 247.
 Преземено од:mn.mk Основите на српската пропаганда се наоѓаат во Начертанијето на Илија Гарашанин од 1844 година. Во овој програмски документ кој се однесувал на надв

Пронајдете не на следниве мрежи: