Српската полиција нема да ја обезбедува геј – парадата?

Српската жандермерија се закани дека ќе ја откаже геј – парадата, односно дека нема да учествува во нејзиното обезбедување. Поради незадоволство по повод  апсењето на Никица Р. поради сомнение дека во 2008 година, со користење на прекумерна сила го убил Ранко Пантиќ,  српските жандарми им порачаа на своите надредени дека нема да ја обезбедуваат геј – парадата, закажана за недела, 28 септември.
„Повеќето мислат дека Никица ја извршувал само својата работа и дека не е виновен за смртта на Пантиќ. Нивното незадоволство расте од ден на ден, па дури се навестува со откажување на геј – парадата“ – истакна анономен соговорник.

Претседателот на синдикатот на српската полиција, Глишо Видовиќ, смета дека во Министерството за внатрешни работи има многу незадоволни лица и дека не е професионално, самиот врв на полицијата за свој колега, да кажува дека е убиец.
Горан Милетиќ од организацискиот одбор на геј – парадата, се надева дека се ќе помине во најдобар ред:
„Не е убаво да ги коментираме внатрешните работи во било која организација, па ни во полицијата. Како и сите други граѓани, очекувам професионална работа на нивните службеници“- заклучува Милетиќ. Поради незадоволство по повод  апсењето на Никица Р. поради сомнение дека во 2008 година, со користење на прекумерна сила го убил Ранко Пантиќ

Пронајдете не на следниве мрежи: