Српската полиција спречила албански терористи од Куманово да влезат во Србија

Како што дознава Србин.инфо, од извори од југот на Србија, дел од албанските терористи кои го започнаа судирот во Куманово, бегајќи од македонските безбедносни сили се обиделе да влезат во Србија, за да се префрлат на територија на Косово преку Прешевската долина.Но штом терористите на српско-македонската граница  ја здогледале српската полиција, која од утрово била појачана во овој дел на Србија,  веднаш се повлекле на македонска територија.
Српски Курир   повикувајќи се  на информации од нашите медиуми  пренесува дека според една верзија инцидентот го предизвикала воружена група Албанци кои дошле од Косово, а според друга дека се работи за вооружени Албанци од македонското село Слупчане кои се обиделе да ја нападнат  воената единица  стационирана на периферија на градот.
Потпаролот на МВР Иво Котевски апелира до граѓаните да останат смирени и  порача  дека е во тек акција за разбивање на вооружена група во кумановско Дивљо насеље.
Според последните извешати улиците на Куманово се празни, населението е повлечено во своите куќи, блокиран е пристапот до населбата откаде утрово се слуша пукотница. Полицијата врши претрес  од куќа до куќа.Но штом терористите на српско-македонската граница  ја здогледале српската полиција, која од утрово била појачана во овој дел на Србија, 

Пронајдете не на следниве мрежи: