Српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ, од Институтот за меѓународна политика и економија, во колумна за Новости, истакнува дека целта е Македонија да биде федерализирана, а потоа западниот дел да биде припоен кон Албанија.Српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ, од Институтот за меѓународна политика и економија, во колумна за Новости, истакнува дека целта е Македонија да биде федерализирана, а потоа западниот дел да биде припоен кон Албанија.
-Според текстот на поранешниот Британски дипломат Тимоти Лес, објавен во магазинот „Фореин полиси“ на 20 декември 2016, Македонија прво ќе се федерализира, па потоа нејзиниот западен дел ќе биде припоен кон Албанија, додека за остатокот од земјата претенизии ќе покажат и Бугарија и Грцијам, пишува Јанковиќ.
Тој додава дека според планот за реогранизација целта е да се подели земјата и да се создаде уште една територија со која ќе управуват Албанците.
-Планот за реорганизација на Македонија, според документот кој не е објевен, но одредени делови веќе излегоа во јавност, води во поделба на земјата и создавање на уште една териорија со која треба да управуваат Албанците. Одсносно се работи за дел од големоалбанската стратегија за обединување на територијата на замислената Голема Албанија, потенцира тој.
Јанковиќ во својот текст нагласува дека постојат три препреки за формирање на Влада заоснована на туѓ документ, народот кој секојдневно протестира, Претседателот Ѓорѓе Иванов и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Постојат три препреки за формирање Влада. Македонскиот народ кој веќе месец дена протесрира на улиците низ повеќе градови и се противи на Влада заснована на туѓ документ и на програмата за промена на карактериститките на самата држава. Претседателот Ѓорѓе Иванов на кој неуспешно притисок му правеа високи претставници на ЕУ, НАТО и амбасадори на странски држави, како и ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јанковиќ.
За случувањата во Македонија и актуелната полтичка криза пишува и Миша Ѓурковќ, директорот на Институтот на Европски студии во Белград. Тој во колумна за Политика пишува дека Платформата постои и во неа се наоѓа и резолуцијата со која треба да се прогласи геноцид над Албанците.
-Зошто оваа резолуција е важна? Затоа што она е вовед и легалзиација на сите останати делови на Транската платформа. Ако Македоцните признаат дека над Албанците вршеле геноцид, тоа ќе значи дека признаваат дека етничката слика на земјата е вештачки и насилно измената, па на основа на тоа Албанците можат легитимно да бараат статус на конститутвен народ, пишува Ѓурковиќ.
Тој нагласува дека Албанските пратеници во Собранието веќе на големо зборуваат за ова.
-Потоа следи и веќе составен закон за усвојување на албанскиот јазик како официјален на територијата на цела држава и еднаков со македонскиот, што би значело дека македонските деца во училиште ќе мора да го учат и во Струмица на Заев каде што Албанци нема. Платформата најавува и отварање на дијалог за измена на симобилите и посебни правила за Албанските општини, нагласува тој.
Ѓурковиќ на крајот додава дека Резолуцијата највеќе ги погодува самите Македонци и дека таа е основата за Платформата со која треба да се федерализира и подели Македонија.Српскиот аналитичар Слободан Јанковиќ, од Институтот за меѓународна политика и економија, во колумна за Новости, истакнува дека целта е Македонија