Српски „Информер“ откри како биле финансирани граѓанските протести

Над 150 милиони динари од таканаречените граѓански активисти се уплатени преку странски фондации на име на проектот за развој на демократијата и човековите права, пишува Информер.рс.Амбасадорите на ЕУ и САД Мајкл Девенпорт и Кајл Скот од изборите на 24 април до почетокот на оваа недела координирале исплата на 1.367.000 евра за финансиска и логистичка поддршка на протестите „Ne da(vi)mo Beograd“ и “Podrži RTV”, открива српски Информер.
Западот, како што пишуваше порталот во изминатите неколку дена, планира овие протести да ги радикализира и да ги претвори во масовни и насилни демонстрации и вовед во таканаречена обоена револуција.
 
Платена кампања
Документацијата до која дојде Информер покажува дека за месец и пол повеќе од 150 милиони динари на сметката на граѓанското движење, синдикатот и останатите параполитички организации кои стојат зад организирањето на протестите во чие средиште е таканаречената афера „Савамала“.
Овие милиони се исплатени преку странски фондации, а парите се дадени на име на фиктивни проекти за развој на демократијата и човековите права, а ќе бидат искористени за финансирање на кампањата против актуелната власт.
Според зборовите на соговорникот на информер, споменатите 1.367.000 евра се само првиот дел од „специјалниот буџет“ кој вкупно изнесува околу 5 милиони евра.
-Девенпорт и Скот, односно нивните шефови во Брисел и Вашингтон, не штеделе за буџетот за проектот „Ширење на граѓанските протести“. Секако, сето тоа се работи под парола за развој на демократијата и човековите права, а всушност е параван за рушење на непослушната власт, вели изворот за Информер, кој е вклучен во организацијата на овој проект и го открива и „планот за делување и активности“.
-Дури 1.367.000 евра од различни страни на невладни организации и фондови се веќе вложени во „истражувачки“ и „независни“ медиуми. Ќе бидат платени плукачки текстови на таканаречените антикорупциски портали, како и негативна кампања во прозападните весници и на телевизиите. Планот е преку лажно инсистирање на „вистината“ во Савамала и РТВ народот да се мобилизира на протести кои ќе ги диригира Девенпорт и Скот, по налог на своите шефови во Брисел и Вашингтон.
Денвепорт и Скот не се огласуваа по овој повод, но ден претходно невешто се обидоа да ги демантираат нашите сознанија.
Од друга страна, главниот уредник на „Новости“ Ратко Димитровиќ истакнува дека ова е доказ за двојната игра на ЕУ.
-Европа игра лицемерно со Владата на Србија. Јавно ја поддржува, а тајно финансира нејзино сатанизирање и рушење. За таква работа секогаш наоѓала и ќе наоѓа изведувачи на терен. Ништо ново. Имам само едно прашање: Како се викаат луѓето кои странците ги плаќаат да прават нешто по нивни налог?- нагласува Димитровиќ.
 
Директно влијание
Аналитичарот Бранко Радун оценува дека не е необично што западните амбасади ги поддржуваат протестите во Србија.
-Голем број организации во НВО секторот, медиумите и опозицијата се под нивно директно влијание.
Затоа не ме чуди тоа што и во Македонија и во Република Српска ги поддржуваат демонстрациите кај нас. Така е изведена и петооктомвриската револуција. Единствена одбрана од валканите страни на интересите е да се изнесат докази кој добива пари и за што. Нашата јавност не е наивна како некогаш и не може да се излаже лесно, порачува Радун.Амбасадорите на ЕУ и САД Мајкл Девенпорт и Кајл Скот од изборите на 24 април до почетокот на оваа недела координирале исплата на 1.367.000 евра за

Пронајдете не на следниве мрежи: