СДСМ се надева на избор на претседател на Парламентот и добивање мандат за состав на новата влада, а ВМРО-ДПМНЕ распишување на нови вондредни парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните, Пишува српскиот портал Телеграф.рс.Епицентарот на македонската криза која сега моментално е насочена кон конститутивната седница на Собранието полека но сигурно се движи кон точка на вжештување.
Парламентарното мнозинство кое го собра СДСМ и Зоран Заев и албанските малцински партии побараа од Трајко Вељановски да го стави на гласање барањето за промена на дневниот ред со намера прво да се избере Претседател на Собрание.
На тој начин заговорниците на „Тиранската платформа“ се обидуваат да ја заобиколат маратонската седница со реплики и контра реплики поврзани со формирањето на „Комисијата за избор и именување.
После тоа би требало да се помине на следната точка од дневниот ред: Избор на претседател на Собранието без кого не би можело да се пристапи кон она што за заговорниците на „Тиранската платформа“, односно СДСМ им е најважно добивање на мандатот за состав на новата влада.
За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на нови вонредни парламентарни избори кои би биле одржани заедно со локалните.
ВМРО-ДПМНЕ претходно му ја понуди поддршката на Заев за формирање на Влада под услов СДСМ да се откаже од „Тиранската платформа“, која ја потпишаа сите албански партии, а која сериозно го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, но Заев остана глув за оваа понуда.
Потоа ВМРО-ДПМНЕ во јавноста го претстави својот Манифест „За единствена Македонија“ со кој се обидуваа да се најде излез од повеќе годинешната политичка криза и да се сочува единството на земјата. Но и тој документ наиде на одбивање од страна на Зоран Заев и СДСМ кои тврдат дека Никола Груевски и неговата партија нема повеќе што да и понудат на Македонија и дека ќе мора да одговараат поради блокадата на изборот на новата влада.
За да ја постигнат својата крајна цел – Формирање на влада составена од СДСМ и албанските партии – поборниците на „Тиранската платформа“ се спремни да го прекршат дури и уставот и деловникот за работа, односно да им се одземе правото на говор на пријавените говорници.
Всушност член 80. Став 2 од собранискиот деловник предвидува расправата да трае се додека не се исцрпи листата од сите пратеници кои се пријавуваат да зборуваат. Нивното право на говор не може да биде прекинато ни по еден основ,а особено со оглед на фактот дека предмет на расправа е „Тиранската платформа“ чија содржина до неодамна беше скриена од очите на јавноста, а која предвидува противуставно редефинирање на уставното уредување, пишува српски Телеграф.
Досегашниот тек на седницата во Собранието се претвори во разобличување на „Тиранската платформа“ и спречување на изборот на Влада која би ја реализирала и тоа во атмосфера на секојдневни масовни протести на десетици и стотици илјади граѓани на улиците на Скопје во непосредна близина на Собранието.
Сите досегашни обиди на заговорниците на „Тиранската платформа“ останаа безуспешни.
Во деновите кои претходеа на вербалните надмудрувања во Собранието, протекоа вести од тајна средба помеѓу Зоран Заев и американскиот претседател Џез Бејли.
Според пишувањето на Нет Прес, Заев и Бејли се сретнале минатиот вторник околу 17 часот во седиштето на СДСМ.
Во деновите после средбата немаш службени информации од содржината на овој разговор, бидејќи претставниците на СДСМ молчеа. Меѓутоа неофицијално од добро информираните кругови во Скопје се појавија гласини дека СДСМ се спрема за реализација на државен удар по пат на насилно преземање на местото претседател на Собрание, а потоа и конституирање и на влада која на дело би ја спровела „Тиранската платформа“.
Имајќи ги во предвид и ставовите за насилно преземање на власта во Собранието кои во својата колумна ги изнесе главниот стратег на СДСМ, ова би требало да значи најава за ескалација на судирите кои би можеле да се случат во последната недела од Велигденскиот пост.
Борбата во Собранието и натаму продолжува со крајно неизвесен исход. Но едно е сосема сигурно – – Македонскиот народ кој на протесните маршеви ги предводи граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ нема да дозволи неговата волја да биде изиграна, ја завршува својата анализа српски Телеграф.Епицентарот на македонската криза која сега моментално е насочена кон конститутивната седница на Собранието полека но сигурно се движи кон точка на