Околу 60 тони јаболка од Србија, увезени во Русија, биле со зголемено ниво на пестициди, соопштуваат од руската служба за контрола на земјоделските производи Росељхознадзор за агенцијата Бета.Рускиот премиер Дмитриј Медведев минатата недела на едно советување за руското земјоделство рекол дека увозот на земјоделски производи не е секогаш прифатлив ниту според цената, ниту според квалитетот, а како пример ја навел и Србија.„Некои испораки се опасни по здравјето заради високото количество на пестициди и нитрати. Последен пример се јаболката од Полска и Србија“, рече Медведев, а пренесоа руските државни телевизии.Како што соопшти Управата на Росељхознадзор за Калушката област, во февруари се откриени 311 тони јаболка со високо ниво на пестициди, најголем дел од Полска и Србија.
Макфакс Околу 60 тони јаболка од Србија, увезени во Русија, биле со зголемено ниво на пестициди, соопштуваат од ру