Селекторот на српската репрезентација, Дејан Периќ, им честиташе на македонските ракометари за пласманот во следната рунда, но посочи дека грешката за примениот гол во последните секунди лежи во неговите играчи.„Ние имавме тајм-аут на 30 секунди пред крајот и бидејќи нерешениот резултат не ни носеше пласман во следната фаза, моравме да одиме на гол. Постигнавме гол на десет секунди пред крајот, а потоа следуваше тајм-аут што го побара Македонија. Бидејќи имавме играч помалку во тие моменти, барав од моите играчи да направат ѕид, сите петмина да бидат на линијата од шест метри. Еден мој играч излезе да го чува Лазаров кој ја имаше топката на 15 метри оддалеченост и тоа направи простор на крилната позиција за Манасков“- рече Периќ на прес конференцијата.
Српскиот селектор потенцираше дека знаеле оти групата е тешка, но не го зборувале тоа во јавноста бидејќи не сакале да бараат алиби.
„Тоа е спортот, ние сакаме да се натпреваруваме со најдобрите и мислам дека прикажавме добри игри на секоја средба“- додаде тој.„Ние имавме тајм-аут на 30 секунди пред крајот и бидејќи нерешениот резултат не ни носеше пласман во следната фаза, моравме да одиме на гол.