Срушен е митот за неправедно обвинетиот „нулти-пациент“: Конечно е докажано дека не предизвикал епидемија на сида

Гаетан Дига, стјуарт од авио-компанијата „Ер-Канада“ влезе во историјата на сидата како „нулти-пациент“ – тој наводно бил првиот кој го донел во Америка вирусот на ХИВ. Дига, кој почина од последиците од болеста во 1984 година, неправедно е обвинет и тоа поради недоразбирање.Истражувањата на научниот тим на Мајкл Вороби од Универзитетот на Аризона во Тусон тоа јасно го потврдува. Научниците го реконструирале историјатот на ширење на вирусот во САД, а како што наведуваат во списанието „Nature“, ХИВ во Њујорк стигнал уште во 1970 година.
Влегувањето на вирусот во Америка пресудно влијаеше на историјатот на болеста бидејќи епидемијата која околу половина век порано почна во Африка, оттаму можеше забрзано да се шири.
Научниците анализирале повеќе од 2.000 примероци собрани во Њјурок и во Сан Франциско кон крајот на седумдесеттите години за потребите за истражувањето на хепатитис Б. Давателите биле мажи кои имале сексуални односи со други мажи.
Резултатите покажале дека уште тогаш, значи во 1978 и во 1979 година кај 3,7 проценти од крвта најдени се антитела против варијанта на ХИВ која и денес е распространета. Врз основа на осум такви примероци, научниците го реконструрирале генетскиот материјал на тогашните предизвикувачи на болеста.
Вирусот многу порано стигнал од Карибите. Научниците и порано претпоставувале дека вирусот од Африка преку Хаити стигнал во САД, а новото истражување ги поткрепи овие претпоставки со докази. Според степенот на мутација научниците утврдиле дека предок на вирусот меѓу 1963 и 1970 година бил распространет на Карибите и оттаму пристигнал во САД.Истражувањата на научниот тим на Мајкл Вороби од Универзитетот на Аризона во Тусон тоа јасно го потврдува. Научниците го реконструирале историјатот

Пронајдете не на следниве мрежи: