Македонската бизнис елита, претставници на дипломатскиот кор и на институциите, професори, новинари, во свечена атмосфера во најдобриот best business – хотел Мериот беа дел од предновогодишен настан на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).На настанот се истакна дека особено важно е на крајот на секоја година да се даде признание за сработеното и истото да се поздрави, но и да се извлече поука од изминатата 2016 година и сите фактори кои допринесоа за стагнација на бизнисот, инвестициите и економијата воопшто. На крајот од оваа година бизнис секторот апелира за стабилност во 2017 година како услов за економски раст.
ССК во соработка со сите општествени фактори во земјата, во изминатата година реализираше значајни партнерства. Воедно и преку поддршка на претприемачите континуирано работи на следење и имплементирање на најновите светски трендови во сите сектори преку едукација на бизнис заедницата.
Бројните гости, во пријатно расположение и музика, ги поздравија бредовите кои постигнаа значаен успех на домашниот и интернационалните пазари во 2016 година Пивара Скопје, Винарија Стоби, Дени Интернационал, Голден Арт, Агроунија, Стентон Градба и Чеза Комерц.
ССК постави стандарди за соработка во насока на подобрување на деловниот амбиент и претставува најсилен глас на бизнис секторот. Сојузот на стопански комори на Македонија е водечка македонска деловна мрежа со повеќе од 20.000 членови, претставува 29 стопански комори и над 30 групации, здруженија и асоцијации.На настанот се истакна дека особено важно е на крајот на секоја година да се даде признание за сработеното и истото да се поздрави, но и да се извл