Сојузот на синдикати на Македонија денеска презентираше, како што наведуваат, нови докази со кои 13 гранкови синдикати од вкупно 17 потврдуваат дека никогаш не ја разгледале иницијативата за отповикување на претседателот на ССМ и оти нивните членови на Советот не присуствувале на седницата одржана на 13 ноември годинава.Секретарот на Советот на ССМ Методија Димовски на прес-конференција посочи дека со овие писма од гранковите синдикати јасно се демантираат лагите на четирите гранкови синдикати кои заедно со министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски се обиделе да направат насилна смена на претседателот на ССМ Живко Митревски.
– Од овие докази јасно се гледа дека некој свесно го манипулира членството на ССМ и македонската јавност. Ниту имало, ниту има, ниту ќе има поддршка од 11 гранкови синдикати, рече Димовски.
Тој побара претседавачот на т.н. Совет на ССМ одржан на 13 ноември да го повлече својот потпис, а истото да го стори и записничарот, а министерката Ташевска Ременски да го повлече решението за назначување на нов претседател на ССМ.
Покрај фалсификуваните документи против самонаречениот в.д. претседател отворена е и нова постапка и истрага за фалсификување на печат. Истрагата, како што велат од ССМ, ќе се лоцира кој и како врз основа на никаков документ го изработил фалсификуваниот печат кој го употребил в.д. претседателот.
Според Димовски, решението за нов претседател на ССМ во Централниот регистар е стопирано, а сите документи се предадени во Јавното обвинителство.Секретарот на Советот на ССМ Методија Димовски на прес-конференција посочи дека со овие писма од гранковите синдикати јасно се демантираат лагите н