Првиот синдикалец во државата, Живко Митревски писмено ги информирал сите синдикати на меѓународно ниво, делегацијата на Европската Унија во Македонија, странските амбасади како и Регионалниот синдикален совет „Солидарност” на репрезентативни синдикати од земји на поранешна Југославијаза како што стои во писмото, историски преседан кој го направила техничката министерка за труд и социјална политика. Митревски вчера на прес конференција обзнани дека Ташевска Ременски направи обид за негова смена како прв човек на ССМ врз база на фалсификувана исправа и документација.После вчерашната прес конференција на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски на која информираше дека техничката министерка за труд и социјална политика и претседатели на 4 гранкови синдикати се обиделе со фалсификати да го сменат како прв човек на синдикатот ден потоа ССМ се обратил до сите синдикати на меѓународно ниво и меѓународниот фактор во земјава.
Митревски наведува во писмото дека Ташевска Ременски е технички министер избран за спроведување на избори врз основа на договорот од Пржино и дека станува збор за класичен обид за насилна и незаконска фалсификувана промена на претседателот на ССМ.
Пред десет дена се одржала нестатурна седница на Советот на ССМ на која присуствувале само 4 претседатели на гранкови синдикати од вкупно 17. Тие иницирале отповикување на Претседателот на ССМ со доставување на фалсификувана исправа за одржана седница на Советот на ССМ до техничката министерка. Ташевска Ременски, како што стои во барањето за осуда, уште наредниот ден експресно надвор од своите овластувања, спротивно на Законот за работни односи, Статутот на ССМ, Деловникот за работа на Претседателството на работа на Советот на ССМ и конвенциите на Меѓународната организација на трудот носи решение со кое бара смена на легитимниот избран претседател.
Според законски утврдените процедури, Ташевска Ременски требала да ја исконтролира поднесената документација, која во овој случај била некомплетна бидејќи не била потпишана соодветно од надлежно лице и истата немала ниту соодветен печат ниту архивски број од Сојузот на Синдикатите на Македонија.
Дополнително техничката министерка не ја утврдила соодветната фактичка состојба и не е земен во предвид основот за промена на овластено лице за застапување на ССМ согласно Статутот на ССМ.
Со тоа Ташевска Ременски сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и ги пречекорила границите на своето службено овластување што преставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик за што може да и следи казна затвор и до 3 години.
Зачудува фактот што фалсификувана исправа е направена на 13.11.2016 година во недела а само ден потоа, Ташевска Ременски на 14.11.2016 година носи решение за промена што укажува на тоа дека постоелокоординација во обидот за смена на Митревски. Со тоа Ташевска Ременски направила кривично дело казниво и по член 393 за договор за извршување кривично дело и по член 394 за злосторничко здружувањеод Кривичниот законик со што може да следи казна затвор од 1 до 10 години.После вчерашната прес конференција на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски на која информираше дека техничката мини