Поранешната Техничка Министерка Фросина Ташевска Ременски соочена со повеќе Кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 резултат на пречекорувањето на овластувањата спротивно на Законот за работните односи , Статутот на ССМ, Делоникот за работа на Претседателст ото на ССМ и Советот на ССМ, спротивно на Конвенцијата бр.87 на МОТ за слобода на синдикалното организирање направи историски преседан и скандал врз основа на фалсификувана исправа без одржана седница на Советот на ССМ, без печат, без наведени лица за присуство, без спроведена постапка и процедура во содејство со група фалсификатори и направи обид за промена на легитимното раководство на ССМ и претседателот Митревски легитимно избрани на 19 Конгрес на ССМ, се вели во реакцијата од ССМ.
Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ССМ
Ваквиот историски преседан и правно насилие од страна на Техничката Министерка Ременски како што е познато беше осудено од целокупната Европска и Светска синдикална јавност, од ИТУЦ, ЕТУЦ братските синдикати од околните држави но исто така поради очигледниот фалсификат поведена беше и Кривична постапка поради фалсификувањето на документацијата.
И со најновата реакција на Ременски се потврдува дека истата имала умисла, а дека тоа е така доволно зборува и фактот што предходно била предупредена од ССМ за можен фалсификат уште на 12.2.2016 година кога и предходно циркулирал фалсификат.
И со најновото соопштение Ременски покажува дека намерата и била да го руши автономното и слободното синдикално двожење во ССМ кое особено по доаѓањето на новото раководство од 2010 година заедно со Социјалните парнери направи историски резултати.Очигледно на поранешната министерка Ременски и пречи функционирањето на правниот систем и спречувањето на нејзиниот обид за правно насилие врз слободното синдикално движење, очигледно очекувала дека правниот систем сака да биде нејзина приватна сопственост и да суди и се однесува по нејзините желби впрочем како што го претвори во приватна сопственост Министерството за труд и социјална политика додека беше Технички Министер и во него предизвика невиден хаос и безредие.Поранешната Техничка Министерка треба да знае дека во РМ постои правен систем кој нема да дозволи насилство, насилно упаѓање и запоседнување на зградата на ССМ со помош на луѓе кои не се членови на синдикатите, партиски припадници изнајмени и платени лица да протестираат и криминални структури. Фрапирани сме од изјавата на Ременски дека подржува насилни упади, хаос и безредие и попречување на нормалното функционирање на ССМ, дали и ова од нејзина страна не значи и потикнување на насилно рушење на ССМ и потикнување за нови кривични дела.
Во најновото соопштение Ременски се дрзнува да зборува и ја открива својата намера дека сака да го разреши замислете и целото претседателство на ССМ, се дрзнува да зборува и за рекетари нарекувајќи ги работниците од службите за обезбедување и чуварските служби на ССМ и СИН-АГ ДООЕЛ Скопје што е невиден срам за една довчерашна Техничка Министерка, но ако се има во предвид дека истата имаше невидени конфликти со најранливите категории на работници како што се социјалните случаеви, хендикепираните лица, Здружение на слепи и слично не е ни чудно од овој профил на Технички Министер.Се открива дека историскиот скандал се претвара и во мега скандал со оглед на тоа што во обидот да ги сокрие своите противправни дејствија дури се дрзнала и ја сокрила целокупната документација во врска со фалсификуваните исправи за промена на легитимно избраниот претседател Митревски и раководството на ССМ.
За среќа во Република Македонија иако некој упорно сака да го руши правниот систем, функционира правниот систем и работното законодавство и Меѓународните стандарди за слобода на синдикално организаирање и здружување, а за среќа во моментот функционираат и доблесни Министри и професионалци кои стручно и компетентно се грижат да го спроведуваат тој правен систем, да ги спроведуваат законите, да реагираат професионално, да го средат невидениот хаос и безредие кои очигледно како што читаме го оставила Техничката Министерка Ременски во обидот Министерството за труд и социјална полтика да го претвори во свое наследство, во своја приватна сопственост за себе или за нејзините наредбодатели.ССМ го уверува своето членство дека ќе ги издржи сите овие оркестрирани напади и обиди да се сруши еден од најреномираните синдикални Сојузи кој остави печат посебно овие неколку години со постигнатите историски резултати.
Бидете уверени дека ССМ нема да стане нечиј плен покрај желбите на Техничката Министерка Ременски кои не само што не и се остварија туку нема и да и се остварат.
Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ССМ
Ваквиот историски преседан и правно насилие од страна на Техничката Мин