Колската супердлабока дупка е ископана со цел научниците да дознаат нешто повеќе за тоа што се наоѓа под нашите стапала. Иако копањето со децении чинеше вистинско богатство, научниците дошле до фасцинантни откритија.Под рѓосаниот капак, среде пустата тундра на полустровот Кол, на самиот север од Европа се наоѓа најдлабоката дупка на светот. Таа е длабока 12.262 метри, а ја ископале советските научници во периодот од 1970 до 1989 година.
На пример, на длабочина од 7 километри, биле пронајдени фосилни остатоци од едноклеточни организми, а на отприлка иста длабочина – беше пронајдена и вода.
На самото дно од дупката беше измерена температура од 180 степени Целзиусови, што се покажа како претопло окружување за понатамошно дупчење.
Иако Колската супердлабока дупка е најдлабоката точка на Земјата, подлабока и од Маријанската дупка, таа е само еден незначителен дел кој се наоѓа на огромна оддалеченост од центарот на Земјата.
Имено, до таму има уште околу 6.400 километри, па овие 12.262 метри се само 0,19% од таа оддалеченост. Со други зборови, буквално само е чепната површината на Земјата.Под рѓосаниот капак, среде пустата тундра на полустровот Кол, на самиот север од Европа се наоѓа најдлабоката дупка на светот. Таа е длабока 12.262
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.