Стабилно темпо на вработување во САД на почетокот на годината

Американските работодавачи продолжија да вработуваат нови работници со стабилно темпо во јануари, кога биле отворени вкупно 157.000 работни места, покажа извештајот на американската влада објавен во петок.

Министерството за труд воедно изврши нагорна ревизија за бројот на новоотворени работни места во декември, на 196.000, а ревидиран е и податокот за ноември, што значи дека во тие да месеца биле отворени 127.000 работни места повеќе од првичните проценки.Вкупно во приватниот сектор во јануари биле нето отворени 166.000 нови работни места, додека во јавниот сектор се затворени нето девет илјади.Најмногу се вработувало во секторот малопродажба, големопродажба, градежништвото и здравствената нега, додека благ пад е забележан во транспортниот сектор.Стапката на невработеност, пак, во јануари се зголемила на 7,9 отсто, од 7, отсто колку што изнесувала во претходниот месец.При изработката на стапката на невработеност се користат податоци добиени од анкета во домаќинствата, додека бројот на новоотворени работни места се темели на анкети во кои учествуваат работодавачи.На крајот на јануари без работа биле 12,3 милиони Американци, што значи дека нивната бројка не е значително променета во однос на декември.
 
Макфакс
Американските работодавачи продолжија да вработуваат нови работници со стабилно темпо во јануари, кога биле отв

Пронајдете не на следниве мрежи: