Штајнмаер: Брзо да се формира влада и да се врати стабилноста во Македонија

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер попладнево со хрватскиот министер за надворешни работи Давор Штиер меѓу другите теми разговарал и за состојбите во Македонија, јавува дописникот на МИА од Берлин.Штајнмаер во Берлин изјави дека и денеска но и во понеделникот каде централна точка на разговорите на минстрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се разговарало за состојбите на Балканот и пред се во Македонија. 
 
– Се разбира се грижиме за нашите соседи во Европа. Во понеделникот имавме повод за зборуваме за западниот Балкан, пред се поради изборите во Макеодонија. Текот на изборите беше во ред како што ние слушнавме. Сега е важно колку што е можно побрзо да се формира влада и да се вратат стабилните прилики во Македонија, изјави Штајнмаер по средбата со шефот на хрватската дипломатија.
 
Штиер и Штајнмаер разговарале и за Србија и потребата и оваа земја и сите други во регионот да ги продолжат европските интеграции, а земјите коишто ги исполнуваат своите обврски да видат дека напорите се исплатат. Според Штајнмаер, потребно е да се задржи моментумот на проширувањето во Западниот Балкан. 
 
И покрај тоа што во свето обраќање Штајнмаер најави дека хрватскиот министер ќе зборува поопширно за состојбата во Македонија, Штиер главно зборуваше за состојбата во Србија и Босна и Херцеговина и најави дека Хрватска, Полска и Германија ќе  започнат со интензивна помош за Косово на патот кон ЕУ при што воопшто не ја спомена Македонија.Штајнмаер во Берлин изјави дека и денеска но и во понеделникот каде централна точка на разговорите на минстрите за надворешни работи на земјите ч

Пронајдете не на следниве мрежи: