Стамов најави значајни проекти за општина Дојран

Граѓаните на општина Дојран, најдобро ги знаат благодетите од работата на владата и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Нашите дела буквално ја препородија општината, и го вратија животот во Дојран, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дојран и актуелен градоначалник, Борче Стамов.Тој потенцира дека дојранци заслужуваат да живеат во модерна и урбана општина, во која ќе бидат задоволени стандардите на квалитетното живеење на новото време.
Во новата програма нуди перспектива за подобар живот, за економски развиена, поурбана и почиста општина. Дојран, во кој, со гордост ќе пречекуваме туристи, роднини, пријатели.
Стамов обелодени дел од проектите од новата програма со која ја бара довербата од сограѓаните на претстојните локални избори.
-Ќе понудиме бесплатни плацеви за сите млади луѓе од општина Дојран и ослободување од комуналии, со цел младите да изградат свој дом. Планираме да изградиме и реконструираме улици во сите населени места во општината. Во Нов и Стар Дојран улици од над 10 км, во Николиќ 1.400 метри, во Фурка 430 метри, во Црничани 510 метри и Ѓопчели во должина на 400 метри. За развој на масовниот спорт и спортот за сите ќе изградиме повеќенаменско игралиште во Нов Дојран. До 2020 година се предвидува изградба на канализациона мрежа во населеното место Николиќ во должина од 4.772 метри. До 2021 година се предвидува изградба на канализациона мрежа во населеното место Фурка во должина од 3.800 метри. До 2021 година се предвидува изградба на канализациона мрежа во населеното место Црничани во должина од 1.700 метри. Со проектот „План Д“, нудиме сеопфатен и темелен пристап кон витална заштита на Дојранското езеро и неговиот екосистем, а во рамки на проектот се предвидува ставање во функција каналот Ѓолај, лабораторија за 24 часовен мониторинг и набавка на специјален чамец за чистење на крајбрежјето. Со проектот „Нула отпад“ имаме цел да демонстрираме одржливи општински модели на управување со био-отпад, а главниот резултат ќе биде изградба на био-гасна централа во училиштето во Нов Дојран и набавка на опрема и технологија за подобрување на услугите кои ги дава јавното комунално претпријатие. Во Стар Дојран се предвидува изградба на мала марина, која денес е повеќе од потребна за да се даде поттик на развојот на туризмот и водните спортови. Со цел збогатување на туристичките содржини, Општината ќе помага во уредувањето и отварањето на нови плажи. Основање на пазар за органско производство и производи карактеристични за дојранското поднебје, како и посебен дел со сите потребни услови за продавање на свежа риба. Ќе изградиме Меморијален парк на битките од првата светска војна на дојранскиот фронт, со што ќе се промовираме како дестинација за меморијален туризам. Со цел воведување нови туристички атракции предвидено е изградба на наколна населба од периодот на бронзеното и железното време како и мал музеј на брегот на Дојранското езеро во Стар Дојран. Предвидуваме и реконструкција и конзервација на црквата „Св. Пророк Илија“ во Фурка, која на наше барање доби статус на значајно културно наследство, истакна Стамов.
Тој вели дека програмата што ја нуди е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на општина Дојран.
 
Тој потенцира дека дојранци заслужуваат да живеат во модерна и урбана општина, во која ќе бидат задоволени стандардите на квалитетното живеењ

Пронајдете не на следниве мрежи: