Стамов: Некој води хајка против Дојран

Loading...

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, реагира на натписите дека во Дојранското Езеро има пирани кои искасале риболовци.Тој вели дека станува збор за хајка која се прави против градот уште од стартот на туристичката сезона. Стамов бара надлежните институции да направат детални анализи на случајот.
-Цело лето некој води хајка против Дојранско Езеро од причини кои веројатно само нему му се јасни. Доколку целта беше да пропадне туристичката сезона и локалните власти да се прогласат како некомпетенти, ваквиот налудничав чин нема никакво оправдување. Првиот пат ја заплашуваа јавноста со водата, која била опасна за здравјето, а сега гледаме дека некој нечовек е подготвен и директно да го загрози здравјето на туристите. Очекуваме официјални анализи за видот и потеклото на рибата од надлежните институции. Според неофицијалните информации, она што го знам е дека не станува збор за пирана, станува збор за аквариумска риба која не е опасна и може да се набави и пушти во водите на езерото во мала количина и не може да преживее подолго време во него, вели Стамов за Курир.Тој вели дека станува збор за хајка која се прави против градот уште од стартот на туристичката сезона. Стамов бара надлежните институции да направ

loading...