Стан направен од подметачи за пиво?!

Дваесет годишниот Германец Свен Гобел е запишан во  Гинисовата книга на рекорди и тоа во категорија во која сега, за сега нема никаква конкуренција. Имено идејата на Гобел била следна: да направи стан од подметачи за пивски кригли.
Тој секојдневно го “градел“ својот стан со површина од 66 метри квадратни, а за да ја оствари целта потребни му биле 260 илјади подметачи. Станот е изграден во внатрешноста на дворецот Вогелсанг, поранешно нацистичко воено школо, кое се наоѓа во близина на градот Келн.
Инаку, ова е вториот Гинисов рекорд за овој Германец, а како што и би претпоставиле, првиот е во собирање на пивски подметачи.
Тргнете во виртуелно разгледување на неговиот “пивски“ стан преку следново видео.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дваесет годишниот Германец Свен Гобел е запишан во  Гинисовата книга на рекорди и тоа во категорија во која сега,

Пронајдете не на следниве мрежи: