СТАНАЛА МАЈКА НА 52 ГОДИНИ: Нејзината ќеркичка Дарија е…

Кога минатата година пред 52-от роденден (10 ноември), изјавила дека е бремена и дека ќе си го дарува најубавиот подарок – бебе, Љиљана Јакшиќ станала главна вест во Србија. Популарната Салвета од „Курсаџии“, со задоволство зборуваше за остварувањето на нејзиниот сон, откривајќи дека со нетрпение го очекува денот кога ќе ја држи ќеркичката во прегратки.Иако партнерот ја оставил штом дознал дека е бремена, актерката со доаѓањето на Дарија храбро се соочила со фактот дека сама ќе мора да го одгледува детето. Извесно време по породувањето, актерката се вратила на Скадарлија, каде што и ден денес во костимот на елегантна дама од 18 век, рецитира стихови и пее староградски песни за да се прехрани.
„Дарија ми е дар од Бога. Јас сум најсреќната жена во светот и не ми е тешко да се грижам за неа“, изјавила Љиљана за „Новости“.

Актерката на шега кажува дека би родила и второ дете, бидејќи би сакала нејизната ќерка да има брат или сестра.
„Кога ќе сретнам луѓе кои се чудат што сум се породила на овие години, се шегувам и им велам дека би можела повторно да забременам. Мојата братучетка неодамна роди ќерка, па така, Дарија на деветмесечна возраст стана тетка. Двете ќе бидат како сестри“, открива таа.
Актерката додаде дека е вистински среќна и дека нејзината ќерка ѝ е инспирација и ѝ дава енергија.
„Со детето полесно се поднесува животот“, заврши Љиљана.Иако партнерот ја оставил штом дознал дека е бремена, актерката со доаѓањето на Дарија храбро се соочила со фактот дека сама ќе мора да го одгледув

Пронајдете не на следниве мрежи: